Американски студент дојде во земјава за да учи ромски, албански и македонски

Американски студент дојде во земјава за да учи ромски, албански и македонскиЕрик Брандергаст е студент на постдипломски студии по лингвистика на познатиот Универзитет „Беркли“ од Калифорнија, кој во последните неколку месеци живее во Македонија и работи на својата дисертација.

Истовремено учи македонски, албански и ромски јазик и вели дека е неверојатно колку луѓето во земјава се пријателски настроени и го охрабруваат да ги користи балканските јазици.

Во аудио прилогот за Радио МОФ, кој може да го слушнете во продолжение, говори за разликите во студентскиот стандард и живот помеѓу Македонија и Калифорнија, причините за неговиот престој во земјава и љубовта кон балканските јазици.

 

Intervju so Erik Brandergast, student od Kalifornija by Radio Mof on Mixcloud

Кристина Озимец