Американскиот претседател Џозеф Бајден ги помилува сите Американци кои беа осудени пред федералните судови за поседување мали количини марихуана, пренесува Н1. Официјални лица проценуваат дека околу 6.500 лица со федерални пресуди за поседување марихуана ќе имаат корист од помилувањето.
Во моментов, никој не е во федерален затвор само поради поседување марихуана, а повеќето пресуди се случуваат на државно ниво. Сојузните помилувања ќе им олеснат на осудениците да се вработат, да најдат сместување и да се образуваат, рече Бајден.
Како претседателски кандидат, Бајден вети дека ќе ја декриминализира употребата на канабис и дека пресудите ќе бидат избришани.
„Праќањето луѓе во затвор поради поседување марихуана промени премногу животи и затвори луѓе поради однесување кое многу држави повеќе не го забрануваат“, рече Бајден.
Тој додаде дека статистички, луѓето кои не се бели имаат многу поголема веројатност да бидат затворени поради канабис.