Откако во октомври минатата година претставничкиот дом го одобри, американскиот Сенат сега го отфрли законот со кој се забранува абортус по 20-та недела од бременоста.
Според претседателот Доналд Трамп, гласањето во Сенатот е „разочарувачко“.
„Ние треба да ги заштитиме оние кои не можат да се заштитат сами. Го повикувам Сенатот да ја преразгледа својата одлука и да го усвои законот кој го слави, цени и го штити животот“, истакна Трамп.