Агенцијата за млади и спорт објави конкурс за најдобро лого за „Кампања против насилство и недостојно однесување во спортот“.
Како што појаснуваат од Агенцијата, целта на кампањата е промовирање на спортскиот идеал и вредности и превенција на насилството и недостојното однесување во спортот.
Притоа логото треба да асоцира на мир, соработка и превенција на насилството, да е оригинално и да не потсетува на друго лого и да биде доставено во .cdr или .eps формат.
Според соопштението од Агенцијата, најдоброто лого од конкурсот ќе биде избрано од тричлена комисија во Агенцијата за млади и спорт и ќе биде наградено со 6.000 денари за авторот.
Комисијата за избор на логото ќе ја информира јавноста преку официјалниот веб сајт на Агенцијата за млади и спорт, се додава во соопштението.