Градот Амстердам од 18 до 22 октомври по 28-ми пат ќе биде домаќин на светската електронска музика. Со крајот на месец септември се одржуваат последните журки (closing parties) со кои се затвора летната сезона на „летно сметање на времето“ и целата електронска сцена се сели во т.н. indoor клубови, па „Amsterdam dance event“ (ADE, Амстердам денс евент) доаѓа во право време за клаберите и журкаџиите, но и за сите оние приврзаници на целата индустрија што произлегува од електронската музика.
Програмата е комплетирана на 4-ти октомври за сите четири платформи: ADE PRO, ADE LAB, ADE Festival и ADE Arts & Culture.
ADE PRO е фокусиран на дигиталните иновации, поврзувањето на водечките личности во индустријата со start-up компаниите и споделувањето на знаење за предизвиците со кои оваа област се соочува.
ADE Lab е платформата каде млади амбициозни уметници, продуценти и професионалци се собираат и учат од светски познати артисти и брендови од индустријата преку менторство и дебати.
ADE Festival го обединува целиот спектар на електронските звуци во најдобрите ноќни клубови во Амстердам сето тоа во организација од различни продуцентски куќи.
ADE Arts & Culture ги испреплетува електронската музика со културата, визуелните ефекти и на тоа ја додава вештачката интелигенција. Настаните се одржуваат на локации од музеи до случајно одбрани сокаци во Амстердам.
Радио МОФ ќе има специјални известувачи од овој фестивал.