Анализа: Должничка листа – кои претпријатија, министерства, општини колку должат

Државната ЕЛЕМ повеќе не е во 10 те државни институции, фирми со најголеми доспеани а неплатени обврски заклучно со првото економско полугодие, но затоа пак во оваа група се вброи Општа болница Кичево. „Порталб“ објавува кои институции каков износ на долгови имале на крајот од првото економско полугодие.

Долгови на ЈП и државни фирми

На првите десет места на новата должничка листа на Министерството за финансии  се наоѓаат јавни претпријатија, општини, клиники, државни фирми – највисок износ од 67,2 милиони евра на доспеани а неплатени обврски има АД МЖ „Транспорт“, на второ место е МЖ “Инфраструктура“ со долг од скоро 26 милион евра а на трето место е ЈП од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи со неплатени сметки во износ од 15,2 милиони евра. На четврто место со долг од 14,1 милион евра е општина Тетово а на петто со неплатени сметки во износ од 10,9 милион евра е ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија“.

Државни фирми и ЈП со највисоки обврски

МЖ Транспорт                                                          67,2 милиони евра

МЖ “Инфраструктура“                                            26,0 милиони евра

ЈП Колекторски систем                                              8,8 милиони евра

ЈП Водовод Куманово со Ц.О.Куманово                8,2 милиони евра

ЈП Водовод и канализација -Скопје                        7,6 милиони евра

ЈКП “Тетово “Ц.О. -Тетово                                          5,4 милиони евра

„Водостопанство“ – Скопје                                        5,4 милиони евра

ЈП Водовод  Охрид                                                      5,1 милиони евра

ЕЛЕМ                                                                                4,8 милиони евра

Ако се направи селекција  според видот на институциите, со високи износи на долгови се државни фирми и јавни претпријатија. Така, освен државните “Транспорт“ и “МЖ“, милионски доспеани а неплатени долгови пријавиле и ЈП Колекторски систем – Скопје 8,8 милион евра, ЈП Водовод Куманово СО Ц.О.Куманово 8,2 милиони евра, ЈП Водовод и канализација -Скопје  со пријавени обврски во висина од 7,6 милиони евра, високо на листата е и тетовското комунално претпријатие ЈКП “Тетово “Ц.О. -Тетово со долг од 5,4 милион евра, „Водостопанство“ – Скопје должи износ нешто повисок од 5,4 милион евра а ЈП Водовод  Охрид 5,1 милион евра додека државната ЕЛЕМ на крајот од првото полугодие пријавила долг од 4,8 милиони евра.

Долгови на јавното здравство

„Порталб“ веќе објави дека заклучно со јуни, доспеаните а неплатени обврски на јавното здравство достигнаа 95,3 милиони евра, само за три месеци се зголемиле за речиси 10 милиони евра. Освен  ЈП од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи со пријавен долг од 15,2 милиони евра и  Клиника за радиотерапија и онкологија“ со долг од 10,9 милион евра на должничката листа се голем број на клиники и болници од Скопје, Охрид, Тетово, Кичево, Струга, Куманово, Штип, Кавадарци како и речиси сите универзитетски клиники в Скопје.

Доспеани а неплатени обврски (здравство)

ЈП од областа на здравството                                       15,2 милиони евра

Клиника за радиотерапија и онкологија                    10,9 милиони евра

Клиника за трауматологија                                             5,2 милиони евра

ГОБ “8 ми септември“                                                       4,7 милиони евра

Институт за трансфузиологија                                         4,6 милиони евра

Општа болница-Охрид                                                       4,1 милиони евра

Долгови на министерствата и на општини

Буџетските корисници од прва линија, во кои спаѓаат и министерствата на крајот од вториот квартал од годинава  пријавиле доспеани а неплатени обврски во износ од 17 милион евра или 5,4 милион евра повеќе во однос на првиот квартал.

                           Доспеани неплатени обврски (министерства)

Мин. за правда                                  2,9 милиони евра

Мин.за земјоделство                        1,6 милиони евра

МВР                                                        1,2 милиони евра

Мин. за култура                                   860 000 евра

МНР                                                        712 000 евра

Мин за образование                           577 000 евра

На крајот од првото економско полугодие вкупните доспеани а неплатени долгови на општините изнесувале скоро 70 милиони евра. Меѓу најзадолжените општини освен Тетово со долг од 14,1 милион евра, се и општина Охрид со 8,1 милион евра, општина Гостивар со 7,5 милиони евра, општина Струга со 3,3 милиони евра, општина Делчево со доспеани обврски во износ од 3,1 милион евра. Долговите на останатите општини се пониски од 2,2 милиони евра.

Порталб