Големи разлики во стандардот, платите, БДП по глава на жител. Новата новогодишна публикација „Регионите во РМ 2023“ на Заводот за статистика ги обелоденува економските показатели за животот на граѓаните во осумте региони во земјава преку повеќе параметри, пишува Порталб.мк. Во четири региони, БДП по глава на жител е над државниот просек, но во четири други региони стандардот на граѓаните е под просекот.
Највисоки плати со Скопскиот регион, најниски во Североисточниот
Највисок просек на бруто и нето плата во 2022 та е регистриран во Скопскиот регион а најнизок во Североисточниот регион (Кратово, Крива Паланка, Липково, Куманово, Ранковце, Старо Нагоричане). Според податоците од ДЗС во Скопскиот регион просечната нето плата изнесувала 586 евра што е и највисок износ во однос на останатите седум региони. Споредбата на платите што ја направи „Порталб“ покажува дека меѓу највисоката и најниската просечна нето плата разликата е поголема од 165 евра.
Бруто плата (во евра) Нето плата ( во евра)
Скопски 877.3 586,2
Пелагониски 711,9 474,5
Југозападен 692,6 464,3
Полошки 694,1 463,7
Источен 649,2 434,9
Вардарски 639,5 429,0
Југоисточен 632,2 424,4
Североисточен 628,4 420,8
Во анализираната година просечната нето плата во државата се зголемила за 10,9 % но растот не е рамномерен во осумте региони.
“Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната исплатена нето-плата по вработен во Југоисточен Регион за 13.9 %, Источен Регион за 13.8 % и во Североисточен за 12.2 %.“ – се наведува во истражувањето.
Голем „јаз“ според БДП по глава на жител
Североисточниот регион има и најмал удел во БДП по глава на жител со само 4,8% додека Скопскиот регион со 44,1% има најголемо учество во бруто-домашниот производ на ниво на државата. И оваа нова публикација ги констатира старите „проблеми“ како што е нерамномерниот економски развој. Според БДП по глава на жител „најсиромашни“ се жителите на Полошкиот регион во кој гравитираат поголемите општини Тетово и Гостивар како и Јегуновце, Желино, Маврово и Ростуше, Теарце и други. Конкретно БДП по глава на жител во Полошкиот регион изнесувал 3 429 евра што е далеку од просекот на ниво на државата кој во 2021 та бил позициониран на скоро 6 500 евра. Во Скопскиот регион е измерен највисок просек на БДП по глава на жител од 8 603 евра. Разликата според БДП по глава на жител меѓу „најбогатиот“ и „најсиромашниот“ регион изнесува фантастични 5 174 евра.
БДП по глава на жител
Скопски регион 8 603 евра
Југоисточен регион 6 804 евра
Вардарски регион 6 664 евра
Источен регион 6 539 евра
Пелагониски регион 5 909 евра
Југозападен регион 5 792 евра
Североисточен регион 3 719 евра
Полошки регион 3 429 евра
„Во споредба со просекот на РСМ, поголем бруто домашен производ по жител имаат Скопскиот Регион со индекс 33.4, Југоисточниот Регион со индекс 5.5, Вардарскиот Регион со индекс 3.4 и Источен Регион со индекс 1.4. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на РСМ. Во однос на националниот просек, најмал бруто-домашен производ по жител има Полошкиот Регион со индекс 53.2“, се наведува во Публикацијата на ДЗС.
Големи разлика меѓу регионите и според стапката на невработеност. Така, најдлабока стапка на невработеност од 31,8% е регистрирана во Североисточниот регион а најниска од 4,5% во Југоисточниот регион.
„Стапката на вработеност во Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и во Пелагонискиот Регион во 2022 година се движи над вкупната стапка на национално ниво, при што највисока стапка на вработеност бележи Југоисточниот Регион, и тоа 58.5. Најниска стапка на вработеност во 2022 година има Североисточниот Регион. Во однос на стапката на невработеност, најниска стапка на невработеност од 4.5 има Југоисточниот Регион, во кој соодветно е забележана и највисоката стапка на вработеност“, се нотира во истражувањето.
Сепак, економистите што ги консултиравме велат дека ниските стапки на невработеност, во Југоисточниот регион од 4,5% и Источниот регион со 5,4% не се резултат само на тоа што вработеноста е со поголем просек туку и на одлив на работна сила која не ги „полни“ списоците на невработени и со тоа не влијае врз невработеноста. Големите економски и социјални разлики меѓу осумте плански региони во земјава се хроничен проблем. При крајот на минатата година Владата потпиша договори за 129 проекти во вкупна вредност од 13 милиони евра, а кои треба да бидат во функција на рамномерен регионален развој – локалната патна инфраструктура, изградба на градинки, набавка на урбана опрема и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните. Колку и како ќе се реализираат овие проекти допрва ќе се анализира.