Голем дел од општините во државата и во економската 2023 та не успеаја да ги реализираат буџетските планови – има потфрлување кај наплатата на данок на имот, данок на доход, на добивка. Главен “извор“ на приходи на локалните буџети се државните трансфери. Од друга страна најголема буџетска “издашност“ се платите, придонесите, комуналиите, пишува Порталб.мк. Стотици илјади евра се трошат и по основ на “договорни услуги“ но и за “привремени вработувања“.
Приходи и расходи на општините
Најголема сума на приходната страна на буџетот на Општина Арачиново се “државните трансфери“ кои се највисока приходна ставка кај сите општини. Од данок на имот општината во 2023 та наплатила скоро 103 000 евра што претставува 79 % во однос на планираното. Поголемо потфрлување има кај наплатата на данокот на доход и добивка – приходите се реализирани со 37,2% во однос на проекцијата. На расходната страна само за плати и за придонеси се потрошиле 1,6 милиони евра а за комунални услуги, греење, комуникации се платиле сметки во износ од скоро 193 000 евра. Лани Општина Арачиново имала вкупни приходи и расходи во речиси ист износ од 2,6 милиони евра.
Приходи Расходи
Општина Арачиново 2 663 551 е 2 632 582 е
Општина Гостивар 18 991 144 е 18 958 000 е
Општина Дебар 6 779 804 е 6 464 874 е
Општина Кичево 16 386 400 е 16 150 000 е
Извор: МФ
По основ на данок на имот Општина Гостивар лани наплатила скоро 1,3 милиони евра што претставува 83,5% во однос на годишната проекција. Оваа приходна ставка е најголема по онаа за државните тренсфери. На расходната страна и кај оваа локална самоуправа доминантна ставка се платите и придонесите за што се потрошиле 14,5 милиони евра а една од повисоките трошковни ставки во износ од 917 700 евра се “договорните услуги“ а за привремени вработувања биле исплатени 372 500 евра. Преку ставката “други градежни работи“ се одлеале 1,0 милиони евра. Во 2023 та во општинската каса се слеале и потрошила скоро идентична сума од 18,9 милиони евра.
Општина Дебар во буџетската 2023 та собрала приходи во износ од 6,7 милиони евра а потрошила 6,4 милиони евра. Од данок на имот наплатила 218 000 евра што претставува натфрлување на планот за 7,3% а позначаен износ од 1,4 милиони евра е слеан преку ставката “даноци на специфични услуги“. На расходната страна за плати и придонеси се потрошиле 4,3 милиони евра. Повисок износ од 618 000 евра на расходната страна се одлеал за “други градежни објекти“ а за комуналии се потрошиле 476 800 евра.
Расходи за плати и придонеси
Општина Арачиново 1 630 000 евра
Општина Гостивар 14 503 000 евра
Општина Дебар 4 375 418 евра
Општина Кичево 10 004 000 евра
Извор: МФ
Повеќе од годишниот план по основ на данок на имот и данок на доход и добивка наплатила Општина Кичево во 2023 та година. Конкретно од данок на имот во општинската каса се слеале 867 000 евра што е за 1,7% повеќе во однос на проекцијата. По доминантната ставка “државни трансфери“, највисока е приходна ставка “даноци на специфични услуги“ во износ од скоро 2,1 милион евра. За основни плати и придонеси оваа општина лани потрошила 10 милиони евра. На расходната страна една од повисоките трошковни ставки во износ од 2,6 милиони евра е “други градежни објекти“ а за комуналии, греење, комуникации, се потрошени 932 000 евра. Само по основ на “договорни услуги“ од општинската каса се одлеале 797 200 евра. Во 2023 та вкупните приходи на Општина Кичево изнесувале 16,3 милиони евра а расходите биле на ниво од 16,1 милион евра
Во второто продолжение на “Анализа“ под лупа ќе бидат сумираните годишни податоци на Министерството за финансии во однос на приходите и расходите и на други општини како Тетово, Чаир, Струга.