„Договорни услуги“ во износ од стотици илјади евра, платите и придонесите доминантна трошковна ставка во буџетите на локалните власти. Во второто продолжение на „Анализа“ податоци за приходите и трошењата на општините Струга, Тетово, Чаир и Град Скопје, пишува Порталб.мк.
Приходи и расходи на општините
Поголема наплата од планираното по основ на данок на доход и добивка, помала од данок на имот. Лани Општина Струга по основ еден од носечките даноци, данок на имот наплатила 1,4 милиони евра што претставува 91,9% во однос на планот. По државните трансфери највисока приходна ставка се „даноци на специфични услуги“ во износ од речи си 2,3 милиони евра. По основ на плати и придонеси оваа општина лани потрошила 12,2 милион евра. Повисок износ од 1.9 милион евра е потрошен за „други градежни објекти“ а за комунални услуги 1,2 милиони евра. По основ на „договорни услуги“ се исплатени 666 500 евра. Приходите и расходите во општинската каса на Струга лани изнесувале скоро 19,2 милиони евра.
Приходи Расходи
Општина Струга 19 274 400 е 19 210 370 е
Општина Тетово 27 528 100 е 27 485 000 е
Општина Чаир 14 809 300 е 14 742 000 е
Извор: МФ
Вкупните приходи и расходи на една од поголемите локални самоуправи, Општина Тетово, во 2023 изнесувале околу 27,5 милиони евра. На приходната страна, по државните трансфери, највисока ставка е „данокот на имот“ во износ од скоро 2,1 милион евра што претставува остварување од 90,9% во однос на годишната проекција. По основ на „даноци на специфични услуги“ наплатени се 1,5 милиони евра. За исплата на плати и придонеси во тековната 2023 та се потрошиле 19,1 милион евра, за договорни услуги 2,6 милион евра а една од повисоките трошковни ставки во износ од скоро 1,4 милиони евра се комуналните услуги, греење, комуникации, транспорт. За „привремени вработувања“ лани оваа општина потрошила скоро 490 000 евра.
Расходи по основ на плати и придонеси
Општина Струга 12 221 000 евра
Општина Тетово 19 116 000 евра
Општина Чаир 9 541 203 евра
Извор: МФ
Општина Чаир во 2023 од данок на доход и добивка наплатила повеќе од планираното на годишно ниво додека кај наплатата на данокот на имот има потфрлување – износ од скоро 12 милиони евра што претставува реализација од 97,3 %. Највисока приходна ставка се „трансфери од други нивоа на власт“ а поголем износ од 909 100 евра е слеан од наплата на „даноците на специфични услуги“. На расходната страна оваа скопска општина лани само за исплата на плати и придонеси потрошила 9,5 милиони евра. Во ланскиот буџет повисоки трошковни ставки биле за комунални услуги во износ од 1,3 милиони евра и за договорни услуги во износ од 981 000 евра. Општина Чаир во 2023 та имала вкупни приходи од 14,8 милион евра а вкупните расходи биле 14,7 милион евра.
Буџетска „каса“ на Град Скопје
Буџетските приходи на Град Скопје лани изнесувале 92,3 милион евра и во однос на планот ова претставува реализација од 74,9%. Помалку приходи за 80,6% во однос на планот се обезбедени од данокот на имот, износ од 15,7 милион евра, од наплата на „даноци на специфични услуги“ биле наплатени скоро 27,8 милион евра што претставува остварување од 76,3% додека нафрлување во однос на планот има кај наплатата на данок на доход и добивка.
Град Скопје Буџет 2023
Вкупни приходи 92 290 000 евра 74,9%
Вкупни расходи 92 230 000 евра 74,8%
Извор: МФ
Буџетските расходи на Град Скопје во 2023 година изнесувале 92,2 милион евра или 74,8% остварување во однос на планот. За плати и придонеси Град Скопје лани потрошил 29,7 милион евра. Повисоки трошковни ставки со градскиот буџет биле “субвенции за јавни претпријатија“ за што се исплатиле скоро 12,8 милион евра, за „поправки и тековно одржување“ се одлеале 8,4 милион евра а за „договорни услуги“ се исплатиле 7,2 милион евра.
Финансиската анализа на работата на локалните самоуправи во земјава покажува дека општините и натаму најмногу се потпираат на „трансферите од други нивоа на власт“ додека највисоките трошоци се за плати, придонеси, комуналии, договорни услуги.