Општина Тетово повторно се искачи на високото “трето“ место на долгата должничка листа на Министерството за финансии. Меѓу субјектите со највисоки износи на долгови освен општините се и државни фирми и јавни претпријатија. Милионски износи на долгови пријавиле и јавните здравствени установи. “Порталб“ ги рангира и анализира субјектите со најголеми износи на доспеани а неплатени обврски.
Долгови на општини
За само три месеци доспеаните а неплатени обврски на општините се набилдаа за нови 6,1 милиони евра. На крајот од декември 2021 година вкупниот долг на општините достигна 68,9 милиони евра додека на крајот од септември (трет квартал) тој изнесувал 62,8 милион евра.
Доспеани а неплатени обврски на општините
(состојба декември 2021 )
Тетово 13,5 милион евра
Охрид 8,5 милион евра
Гостивар 5,9 милион евра
Три општините се во првата “десетторка“ на субјекти со највисоки износи на долгови. Конкретно, општина Тетово со вкупни доспеани а неплатени обврски во износ од 13,5 милион евра се искачи на високото трето место, општина Охрид со долг од 8,5 милион евра е на петто место а општина Гостивар со долг од 5,9 милион евра е на десетто место на новата должничка листа.
Меѓу општините со повисок износ на долгови се и општина Струга со долг од 3,4 милион евра, општина Карпош 3,3 милион евра, општина Делчево со долг 3,1 милион евра, општина Кичево со 1,8 милион евра и општина Сарај со пријавени а неплатени обврски во износ од 1,7 милион евра. Останатите општини имаат долгови пониски од 1,5 милиони евра.
Долгови на јавни претпријатија и државни фирми
Освен општините со вкупен долг од 179,2 милион евра се јавните претпријатија и државните фирми додека општинските јавни претпријатија пријавиле доспеани а неплатени обврски во износ од 58,4 милион евра.
Така од државните фирми и јавни претпријатија највисоки износи на доспеани а неплатени обврски имаат АД „Македонски енергетски ресурси“ со пријавени 82,6 милион евра, АД МЖ „Транспорт“ со долг од 64,9 милион евра, ЈП Колекторски систем Скопје со 8,6 милион евра, ЈП Водовод Куманово со 8,1 милион евра, ЈП водовод и канализација –Скопје со пријавени 7,3 милион евра долг и АД „ЕЛЕМ“ – Скопје со износ од 7,3 милион евра – сите вброени во првите десет субјекти со највисоки износи на доспеани а неплатени обврски. Со поголеми износи на долг се и следните државни акционерски друштва и јавни претпријатија: АД “Водостопанство“ Скопје со долг од 5,5 милион евра, ЈКП Тетово со 4,9 милион евра, ЈП Водовод Охрид со 4,8 милион евра, ЈП Чистота и зеленило Куманово со пријавени 4,2 милион евра, ЈП За комунални дејности Ц.О. Струмица со 4,1 милион евра, JП „МРТ“ – Скопје со пријавени неплатени обврски во износ од 3,7 милион евра. Останатите јавни претпријатија имаат долг помал од 3 милиони евра.
Долгови на здравството
Долговите на јавните здравствени установи на крајот од минатата година достигнаа 67,8 милиони евра – доспеани а неплатени обврски по различни основи пријавиле болници, клиники, институти. На должничката листа се голем број на општи болници речиси од сите градови.
Според износот, највисок долг од скоро 6,4 милион евра пријавила Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, долг од 4,3 милион евра имала ГОБ “8 ми Септември“, следуваат Институт за трансфузиона медицина со долг од 4,3 милион евра, скопската Клиника за трауматологија, ортопедски лекување, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар-Скопје должат 3,8 милион евра, Општа болница-Кичево 3,7 милион евра, Општа болница-Куманово должи 3,3 милион евра а Општа болница-Охрид 3,2 милион евра додека ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство пријавила неплатени сметки во износ од 2,9 милион евра. Останатите јавни здравствени институции имаат долг понизок од 2,8 милион евра.
Со оглед на финансиско-енергетската криза и неможноста на општините и на јавните претпријатија навреме и во целост да ги платат сметките за електрична енергија се очекува долговите на овие субјекти да се зголемат во првиот квартал од годинава. Но конечната состојба со обврските сепак ќе зависи од тоа дали општините ќе добијат финансиска инјекција од централната власт за да можат да ги подмират тековните обврски а со тоа да не создаваат нови.
Извор: Порталб.мк