Највисоки трошоци за плати, придонеси, надоместоци. Најголема приходна ставка се трансферите. Наплатата на данок на имот во првите шест месеци со „лазачко“ темпо. Колку и по кој основ се полнеле и трошеле локалните буџети? „Порталб“ во две продолженија на „Анализа“ ќе објави детали за буџетските сметки во првата половина од годинава.
Милионски суми за договорни услуги, комуналии, привремени вработувања.
На приходната страна Општина Арачиново за шест месеци од данокот на имот наплатила 39 600 евра што претставува 30,5% од вкупните планирани приходи по овој основ . Во анализираниот период преку трансфери на сметката на оваа општина се слеале 1 147 000 евра. На расходната страна најголем дел од општинскиот буџет во износ од 788 700 евра се потрошиле за плати, придонеси и надоместоци. За привремени вработувања за половина година биле исплатени 35 000 евра. Една од поголемите расходни ставки е „разни трансфери“ преку која се одлеале 64 200 евра. Во првото полугодие оваа општина потрошила 42,4% од планираниот буџет а собрала скоро 43,7% од вкупните планирани приходи со вклучени донации, дотации и трансфери.
Буџетски приходи Буџетски расходи
Општина Арачиново 43,7% 42,4%
Општина Боговиње 40,7% 40,0%
Општина Гостивар 43,9% 43,6%
Општина Дебар 48,2% 47,3%
Општина Кичево 43,5% 39,1%
Општина Боговиње во првата половина од годинава по основ на данок на имот наплатила 168 300 евра што претставува 44,4% во однос на планот за годинава. Преку ставката трансфери на сметка на општината се слеале 2 130 000 евра. За плати, придонеси и надоместоци за половина година се потрошени 1 760 000 евра. Преку ставката „други градежни објекти“ се исплатиле 376 000 евра, за договорни услуги 40 000 евра а за привремени вработувања скоро 100 000 евра. За шест месеци реализацијата на приходната страна изнесува 40,7% а на расходната 40%.
За шест месеци Општина Гостивар собрала скоро 564 000 евра од данок на имот или 39,6% во однос на планираното. Преку трансфери оваа општина добила 7 520 000 евра. На расходната страна најголем удел имаат ставките за плати, придонеси и надоместоци во износ од 7 000 000 евра. За договорни услуги биле исплатени скоро 393 400 а за привремени вработувања 183 900 евра. Една од повисоките расходни ставки е „други градежни објекти “ преку која се исплатиле 551 530 евра. На приходната страна реализацијата изнесува 43,9% а на расходната страна 43,6% .
Општина Дебар во првото полугодие од годинава собрала 32,9% од данокот на имот или износ од 66 855 евра а преку ставката „трансфери“ се слеале 2 227 500 евра. Преку расходната страна за плати, придонеси и надоместоци се одлеале речиси 2 107 000 евра. По основ на договорни услуги биле исплатени скоро 85 000 евра а за привремени вработувања 23 000 евра. Една од поголемите расходни ставки е онаа за комунални услуги, па така за половина година по овој основ се потрошиле скоро 312 000 евра. За шест месеци општина Дебар реализирала 48,2% на приходната страна и а на расходите 47,3%.
Наплата на данок на имот ( прво економско полугодие)
Општина Арачиново 30,5%
Општина Боговиње 44,4%
Општина Гостивар 39,6%
Општина Дебар 32,9%
Општина Кичево 32,6%
Од данокот на имот Општина Кичево за шест месеци наплатила скоро 250 000 евра што претставува 32,6% во однос на планираното. Преку ставката за трансфери на сметката на оваа општина за шест месеци се слеале 5 621 000 евра. На приходната страна од такси и надоместоци се наплатени 73 000 евра. На расходната страна се потрошиле 4 843 000 евра за плати, надоместоци и придонеси што заедно претставуваат најголема трошковна ставка во буџетот на оваа општина. Преку ставката „други градежни објекти“ се исплатиле 819 500 евра а за договорни услуги скоро 313 000 евра. За комунални услуги за половина година се потрошени 337 000 евра. Во првото полугодие на приходната страна реализацијата изнесува 43,5% а на расходната страна 39,1%.
Извор: Мета.мк