Помалку пари за водовод и канализација, за градежни зафати, за невладини. Во дел од институциите и министерствата има и кратење на сумите за договорни услуги и за патни и дневни трошоци, но кај дел има зголемување, пишува Порталб.мк.
Буџетски поместувања тешки стотици милиони евра -– развојниот дел под “нож“
И Министерството за труд и социјална политика, кое располага со поголем буџет, до крајот на годината ќе се соочи со кратење по повеќе основи , сумата за капитални расходи за објекти за детска заштита се намалува за 446 000 евра, а позначајно се крати кај трансферите: до ПИОМ за 3 100 000 евра, до Агенцијата за вработување околу 860 000 евра и до ФЗО за 2 200 000 евра. И преку ова министерство има кратење на 500 000 евра кај трансферите за невладините организации. Сумата за плати, надоместоци, придонеси за администрацијата се зголемува за 152 200 евра. Од друга страна се зголемуваат трансферите до фондовите за зголемени плати но и надоместоци: 8 700 000 повеќе за социјални надоместоци, 9 700 000 повеќе за ПИОМ за пренесување на надлежности на ЕЛС.
Дополнителни суми за плати, надоместоци, трансфери
( административниот дел во ресорите )
Министерство за труд и социјална политика 152 000 евра
-надоместоци за социјална заштита 8 700 000 евра
-за ПИОМ 9 700 000 евра
Министерство за здравство 41 000 евра
-за ФЗО 1 621 000 евра
-Агенција за лекови 54 000 евра
Министерство за локална самоуправа 65 000 евра
Министерство за култура 50 000 евра
-фолклорна и сценско уметничка дејност 800 000 евра
Во Министерството за здравство има поголеми буџетски поместувања. Сумата за плати, придонеси, надоместоци за административниот дел се зголемува за 41 000 евра. Се зголемуваат сумите за плати и надоместоци и на институциите под ингеренција на овој ресор. Трансферите до ФЗО се зголемуваат за 1 621 000 евра. За реконструкција и доградба на здравствени објекти ќе има дополнителни 537 300 евра а за купување на возила 405 000 евра. Од друга страна за изградба на клиничките центри во Штип и Скопје преку ставката “други градежни објекти“ има намалување за скоро 1 200 000 евра. За 324 000 евра се намалува и сумата за Клиничкиот центар во Кичево.
Министерството за локална самоуправа ќе добие 65 000 евра повеќе за плати, придонеси и надоместоци а ќе има и дополнителни средства за патни и дневни трошоци.
За Министерството за култура се предвидуваат дополнителни 50 000 евра за основни плати и надоместоци за административниот дел а за 40 500 евра се зголемува сумата за патни дневни трошоци. Повеќе пари за плати ќе има и за вработените во Управата за заштита на културно наследство како и за останатите сектори и институции од културата. Дополнителни милионски суми се предвидени за плати и придонеси за вработените во театрите, културно-уметничките манифестации, филмската дејност, музеите. На пример само за основни плати и придонеси за вработените во фолклорна и сценско уметничка дејност сумата се зголемува за 800 000 евра а во музејската дејност за 358 000 евра.
Во Владата сумата за плати, придонеси и надоместоци се зголемува за 161 000 евра а за патни и дневни трошоци за 162 000 евра. Ставката финансиска поддршка на инвестициите – разни трансфери се зголемува за 9 400 000 евра а кај ставката привлекување на странски инвестиции има зголемување за 3 250 000 евра.
Ребалансот предвидува бројни прераспределби во министерствата и во самите институции преку различни програми а целта е да се обезбедат пари за зголемени плати на вработените во јавниот сектор и за исплата на одредена сума на К15. Еве дел од развојните ставки каде се крати позначително: за водовод и канализација, капиталните дотации до општините се намалуваат за 810 400 евра, субвенциите за претпријатија и невладини организации преку една од потпрограмите во Министерството за финансии се намалуваа за 9,5 милиони евра а сумата за други градежни работи се намалува за 4,3 милиони евра. Ставката “други градежни работи“ значително се намалува и во други институции и ресори како оние за образование и за земјоделство.
Намалување на средства
Министерство за транспорт:
Водовод и канализација, дотации до ЕЛС 810 400 евра
Министерство за финансии:
Субвенции за претпријатија и невладини 9 530 000 евра
Договорни услуги 1 105 000 евра
Други градежни работи 4 300 000 евра
Собрание на РСМ:
Привремени вработувања 70 000 евра
Министерство за образование:
Други градежни работи 874 400 евра
Министерство за земјоделство:
Други градежни работи 1 800 000 евра
Ребалансот на Буџетот е веќе е во Собрание. Оваа буџетска прераспределба се однесува на периодот до крајот на оваа економска година. Вообичаено во октомври започнуваат и пресметките за новата буџетска 2024 та година.
Извор: Порталб.мк