За седум месеци, или од јануари до јули, во однос на истиот период лани, просечната нето плата во Македонија се зголемила за 0,5%, додека реалната нето плата, која според економисите го дава и вистинскиот одраз за состојбата со платите, пораснала за само 0,6%. Статистика бележи лазаечко темпо на раст на платите речиси во сите месеци од почетокот на 2014 година. „Порталб“ анализира колку ваквите стапки на пораст на можат да влијаат врз животниот стандард, зошто Македонија не може да се одлепи од европското дно според висината на платите, каде се ефектите од воведувањето на миниманата плата?
Просечна плата 21 000 денари – кој ја заработува?
За седум месеци, или од јануари до крајот на јули, реалната нето плата е зголемена за 0,6%. Според статистичките мерења во јули висината на нето платата изнесувала 21 350 денари. Раст на платите има во градежништвото, финансиските дејности, трговијата на големо, преработувачката индустија, додека намалување е регистрирано во сервисните дејности, информациите и комуникациите. Со месечна реална нето плата од 347 евра Македонија останува на дното во Европа според висината на месечните примања.
„Сметам дека во Македонија не е точен податокот за просечната исплатена плата , односно изностот е помал. Доколку навистина просечната месечна плата изнесува повеќе од 21 илајда денари, тогаш буџетот би се зголемил на 4 милијарди евра и повеќе по основ на давачките од плата. Податоците за состојбата со палтите би ги оценил како секвентни и днвено политички“, вели Драге Јовановски, поранешен сидикалец и познавач на законодавството за работничките права.
Според сегашните податоци, работниците во Македонија имаат најниски плати, не само во регионот, туку и во Европа. И најновото истражување на турската агнеција „Анадолија“ ја рангираше земјава на европското дно. Хрватска и Словенија се единствените земји од просторот на поранешна Југославија во кои просечната плата е поголема од 500 евра. Еве колку изнесуваат просечните плати во регионот и каде е Македонија:
-Словенија 1 002 евра
-Хрватска 729 евра
-Црна Гора 473 евра
-БиХ 423 евра
-Србија 381 евра
-Албанија 377 евра.
-Македонија 352 евра
Во исто време, Македонија беше една од последните балкански земји што ја утврди минималната загрантирана плата. Од март годинава, висината на минималната плата изнесува 8 800 денари, а до 2016. треба да се зголеми неколку пати , по што треба да достигне износ од 10 080 денари.
Еве како ќе се движи динамиката на раст на платите :
-Март 2014 година за 750 денари
-Март 2015 година за 790 денари
-Март 2016 година за 490 денари
Или, за три години работниците ќе добијат 2090 денари повеќе од сегашните примања, доколку нивните примања се на основа на минималец. Иако бизнисмените сметаат дека и со сегашниот минималец не може да се задоволат основните животни потреби, тие ја отвораат дилемата дали моделот на пораст на минималната плата треба да се менува.
„Ако државата сака дополнително да им помогне на работниците со ниски примања, тогаш нека напрви систем кој ќе овозможи зголемените давачки по основ на минималната плата, наместо да ги инкасира да им ги врати на работниците. Сметам дека е непходна поголема државна поддршка за трудоинтензивните дејности, конкретно преку субвенционирање на платите. Станува збор за дејности кои генерираат високи трошоци, слаба конкурентност, вработуваат една третина од работниците и значајно учествуваат во извозот“,изјави неодамна за “Порталб“ Маријана Прековска од Кластерот за текстил, индустрија која е најмногу засегната од утврдувањето на минимланата плата.
Поранешниот синдикалец Јованоски смета дека минималната плата не треба да се посочува како историски успех бидејќи таа реално не влијае врз подобрувањето на животниот стандард на работниците.
“Минималната плата во Македонија претставува уште еден голем “земјотрес“ за работничката класа. По скопскиот земјотрес во 1963 година ова претставува земјотрес за работниците во следните 20 години. Вака утврдената плата, никоја Влада во иднина нема да сака да ја корегира. Сметам дека дури и пред да се утврди минималната плата, таа беше повисока за 40% во однос на сегашната а доплнително се исплаќаше надоместок за храна и за превоз. Според тоа, сега излегува дека минималната плата изнесува 4 000 денари а со вклучени додатоци за храна и превоз се зголемува на околу 9 000 денари, и затоа сметам дека ова е катастрофално решение на Власта за работничката класа“ – вели Јованоски.
Според Јованоски, во моментов, најголем дел работниците што работата за минимална плата доаѓаат од текстилната индустрија, угостителството, агро-индустријата, земјоделството.
Сојузот на синдикати на Македонија, кој учествуваше во утврдувањето и динамиката на раст на минималната плата, оваа одлука ја прогласи како историски извојувана битка за работниците.
И додека синдикатот смета дека минималецот е добредојден, статистиката е сурова. Неодамнешното истражување на Заводот за статистика покажа дека само 1,4% од вкупниот број на вработени имале месечна заработувачка повисока од 40 000 денари. Повеќе од 10% од вработените земале плата од пет до осум илјади денари. Најголем процент од вработените или скоро 18% земаат плата од 12 000 до 16 000 илјади денари. Еве колку од вработените какви плати заработувале:
-до 8 000 денари 10,3%
-до 10 000 денари 13,2%
-до 12 000 денари 16,1%
-до 16 000 денари 17,0%
-од 20 000 до 25 000 денари 23,8%
-до и повеќе од 40 000 денари 3,4%
Анализата на бројките покажува дека најголем дел од вработените лани, или повеќе од 109 илјади лица месечно живееле со плата од 162 до 200 евра.
Според магазинот “Форбс“ плaтите во земјава се за 50% пониски од оние во источно европските земји.
Извор: Порталб