Само за три месеци бројот на работоспособното население во земјава е намален за 1 300 лица, а на активно население за повеќе од 2 000. Овие параметри се основа за пресметување на вработеноста и невработеноста, пишува Порталб. Бројките на Агенцијата за вработување пак покажаа дека во октомври за прв пат годинава има пораст на бројот на невработени.
Невработени – 44,2% се етнички Македонци, 36% етнички Албанци
За прв пат годинава, во октомври на месечно ниво е регистриран пораст на бројот на невработени. Во деветтиот месец од годинава вкупниот број на невработени изнесувал 113 893, што е за 13 860 помалку во однос на јануари но за 1 429 повеќе во однос на септември. Според податоците од Агенцијата за вработување, од почетокот на годинава бројот на невработени постојано се намалувал, а во октомври е регистриран тренд на пораст. Дополнително, како “други лица кои бараат работа“ се регистрирани уште 46 673 невработени.
Според етничката припадност 44,2% се Македонци а скоро 36% Албанци а на трето место според бројот на невработени се Ромите а за невработени се пријавени и 46 Власи и двајца Бошњаци
Невработени според етничка припадност
Македонци 50 378
Албанци 40 920
Роми 11 482
Турци 7 554
Срби 592
Повеќе од половината невработени се без образование или само со основно образование а голем е бројот на оние со завршено средно образование кои се без работа.
Невработени според образование
Без образование(или основно) 65 811
Завршено средно образование 28 045
Непотполно средно образование 10 496
Више образование 938
И 18 доктори на науки и 623 магистри се на листата невработени.
Невработени според образование
Високо образование 7 892
Магистри на науки 623
Доктори на науки 18
На крајот од октомври во Агенцијата за вработување се пријавени 14 942 невработени лица кои останале без работа во периодот на Ковид кризата.
На тројца вработени во приватен сектор – еден вработен во државен или мешовит
Заводот за статистика измери дека невработеноста во земјава се намалува – на крајот од третиот квартал биле евидентирани 115 266 невработени или стапката на невработеност изнесува 14,3%, пониска за 0,2 процентни поени во однос на вториот квартал. Но се намалува и бројот на работната сила и на активното население – кои се основа за пресметка на вработеноста и невработеноста. Така, во земјава во третиот квартал бројот на работоспособно население се намалил за 1 300 во однос на вториот квартал а бројот на активно неселние во истиот анализиран период е намален за 2 135.
II квартал 2022 III квaртал 2022
Работоспособно население 1 466 819 1 463 901
Активно население 810 453 808 328
Невработени 117 276 115 266
Вработени 693 177 693 062
И натаму најголем дел од невработените со на возраст од 20 до 49 години, категорија на граѓани кои се во најпродуктивниот и најработоспособен период од животот и оваа група опфаќа 70 934 невработени лица што преставува 61,5% од вкупниот број на невработени , а на второ место се невработени на возраст од 50 до 64 години или 21,5% од невработените.
Невработени според возраст
Од 15 до 24 години 19 587
Од 25 до 49 години 70 934
Од 50 до 64 години 24 744
На крајот од третиот квартал во државава биле регистрирани 693 062 а од нив 520 886 во приватен и 172 176 во државни фирми или фирми со мешовитa сопственост – што би значело дека на тројца вработени во приватниот сектор има еден вработен во државен (мешовит) сектор. Во приватниот сектор најголем број на вработени апсорбираат преработувачката индустрија, над 135 000 лица, во трговијата се вработени скоро 108 000 луѓе а во земјоделството 66 300. Од државниот сектор и во фирми со мешовита ( државно-приватна ) сопственост скоро 48 700 се вработени во јавна управа, одбрана и социјално осигурување, 42 745 се вработени во образование а 11 800 лица се вработени во секторот водовод и комуналии.
Извор: Порталб.мк