Кредитите и дефинитивно значајно поскапеа. Ако 2022 та започна со камата од 4,3%, во оваа нова банкарска година каматата на вкупните кредити достигна 5% а новоодобрените дури се и со повисока камата. Високите камати веќе се одразија врз кредитирањето, забавено темпо во првиот квартал од оваа година. Кај граѓаните најголем дел од долгот кон банките е по основ на потрошувачки и на станбени кредити, пишува Порталб.мк.
Граѓаните и фирмите со зголемен внимателност за кредитна задолженост
Банкарската 2023 започна со зголемени камати за кредити – стапки кои беа присутни пред неколку години. Каматата на вкупните кредити во февруари достигна 5% додека на новоодобрените 5,2%. За разлика од лани овие камати се знајно повисоки.
Камати за кредити
Февруари 2022 Февруари 2023
Вкупни кредити 4,33% 5,00%
Новоодобрените кредити 3,94% 5,20%
Растот на каматите веќе се одрази врз кредитирањето. На крајот од првиот банкарски квартал од оваа година, вкупните кредити на месечно ниво се зголемиле за само 0,7% а на годишно ниво за 6,6%, стапки кои се најниски од почетокот на 2022 та година. Овие податоци покажуваат дека и фирмите и граѓаните воздржано се изложуваат на нови кредитни заеми. Конкретно на крајот од март, на месечно ниво, кредитната задолженост на фирмите се зголемила за само 0,5% а на граѓаните за 0,8%.
Кредитна задолженост (март 2023)
Корпоративен сектор 3 295 000 000 евра
Домаќинства 3 524 500 000 евра
Конкретно на крајот од првиот економски квартал корпоративниот сектор во банките по основ на кредити должел скоро 3,3 милијарди евра а домаќинствата 3,5 милијарди евра. Дел од банкарите потврдуваат дека зголемените камати на кредитите влијаат врз побарувачката, а со почетокот на оваа година воздржаноста од нови кредитни заеми е поизразена кај компаниите поради значајно зголемените камати но и поради неизвесното економско опкружување.
“Во февруари, каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, забележа месечно зголемување од 0,03 п.п. и изнесува 5,22%“ – соопштија од НБМ.
Поскапи се и новоодобрените кредити за граѓаните.
“Во февруари, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 5,18% и бележи месечно зголемување од 0,37 п.п.’ – велат од Народната банка.
Кај граѓаните најголем дел од долгот кон банките е по основ на потрошувачки и на станбени кредити. Во март на месечно ниво кај станбените кредити е забележана стапка на раст од 0,8% што е најниска од почетокот на 2022 и која укажува на забавена побарувачка на станбени кредити.
По основ на потрошувачки кредити граѓаните должат 1,8 милијарди евра, долгот за станбени кредити изнесува 1,2 милијарди евра, кредитна задолженост преку кредитни картички на крајот од март изнесувала нешто над 164 милиони евра.
Кредитна задолженост на граѓани
Потрошувачки кредити 1 836 370 000 евра
Станбени кредити 1 255 500 000 евра
Кредитни картички 164 506 000 евра
Народната банка неколкукратно ја зголеми основната камата, како мерка за зауздување и амортизирање на инфлацијата, поради што и банките ги зголемија каматите. Затегнатата монетарна политика рефлектира со забавено кредитирање кое пак се одразува и врз економскиот раст. На крајот од март вкупниот сомнителни и спорни побарувања ( нефункционални кредити) изнесувале 142 милиони евра што е раст во однос на истиот период лани кога биле на ниво од 134,5 милиони евра.
Додека се зголемуваат каматите на кредитите растат и каматите за штедењето. На крајот од февруари каматата на вкупните депозити по подолг временски период достигна 1% а на новопримените депозити 1,71%.
Извор: Порталб.мк