Триумфот на радикалната десница и евроскептиците на неделните европски избори, особено на Националниот фронт во Франција, ги изненади и разбуди умерените политички центри, а научниците ги предизвика да се обидат уште еднаш да ги анализираат и објаснат корените на овие ксенофобични движења на мултиетничкиот и мултирасниот континент.
Економскиот и социјалниот контекст е прилично јасен: економијата е во длабока криза, невработеноста достигнува критични размери, а во Европа се случуваат нови бранови на имиграција. Радикалните движења, идеологии и диктатури во историјата секогаш извирале во слични околности.Психологија на предрасуди
Ian H. Robertson, професор во психологија на Тринити Колеџот во Даблин, во својата нова колумна во угледниот The Conversation, пишува како е важно да се знае дека овие случувања имаат психолошка позадина.
Поголемиот дел од крајните десничари, истакнува, заеднички имаат предрасуди кон иселениците на одредени расни групи.
Пример за таквиот начин на размислување не недостасува ниту во прилично етнички, верски и расно хомогената Хрватска – како на стадионите и улиците, така и во политичките кругови. Но посебно се истакнува ланскиот инцидент во Италија, каде еден од челниците на крајната десница Северна лига, Роберто Калдероли, црномурестата министерка Сесил Киенге ја нарече орангутанка.
Низок IQ и потреба за брзи и јасни решенија
Неодамнешните британски анализи покажуваат интересни политички трендови – од една страна силен раст на популарноста на десните радикали од Британија – Партијата за независност (UKIP), а од друга страна длабок јаз помеѓу нивната слава популарност во Лондон (7%), во однос на остатокот од Англија (20%). Поранешната пратеничка од оваа партија, Сузан Еванс, која го изгуби своето место во Лондон, тоа го објасни со зборовите дека „образованите и културни млади на метрополата, не се склони кон нивната партија“.
Овие опсервации ги потврдуваат истражувањата кои покажаа дека постои силна статистичка спрега помеѓу успехот и образованието и склоноста кон предрасудите. На пример, една голема канадска студија во која се анализирана податоци од САД и Велика Британија, покажа дека нискиот коефициент на интелигенција во детството се голем индикатор за силниот расизам во повозрасните години, како и дека е послаба способноста за апстрактно размислување поврзано со хомофобијата.Во Лондон, каде нивото на образование е повисоко од просекот, поддршката за антиимиграциските радикали е значајно помала. Слични резултати даваат и анализите на резултатите од референдумот за геј браковите во Хрватска.
Но зошто луѓето со понизок коефициент на интелигенција и академски успех статистички тежнеат кон давање поддршка на екстремно десните идеологии?
Еден одговор на ова прашање, уште во средината на минатото столетие даде социјалниот психолог Гордон Алпорт, кој вели дека предрасудите едноставно претставуваат стил на промислување на се она што не опкружува.
Ред, структура, диктатура
Овој начин на размислување, вели даблинскиот психолог, е опишан како „потреба за заклучување“, а дефиниран е како желба за секој проблем или тема да се добие јасен одговор, за да се избегнат неудобностите при создавање на нејаснотија и двојба.
Двата аспекти од потребата за заклулчување се итноста и трајноста. Итноста значи дека луѓето бараат брзи одговори на проблемите, а трајноста подразбира одговорите, кои еднаш се дадени, да останат цврсти и непроменети, односно да не можат да се менуваат при добивање нови податоци и идеи.
Луѓето кои имаат изразена склоност кон заклучување преферираат ред и структура во животите, како и предвидливост во се. Тие сакаат јасни и брзи одговори на проблемите и чувствата и имаат интензивна неудобност кога се соочени со двосмислености, со ситуации кои немаат јасни одговори или кои имаат различни можни интерпретации. Тие се истотака склони кон ограниченост и не сакаат нивните уверувања и спознанија да се доведуваат во прашање.
Оваа потреба за заклучување обично поттикнува таканаречено есенцијалистичко размислување, односно ставање на едноставни категории – како што е примерот со „црнците“ – чии припадници добиваат автоматски припишани карактеристики поврзани со категоријата. Ваквата навика на лесно и брзо размислување ја избегнува потребата за сложени анализи на поединците. Ако радикалните десничари наидат на некои докази кои ја негираат нивната брза категоризација, на пример од припадниците на омаловажената група која е пообразована од нив, тие тоа ќе го гледаат како силна непријатност и се обидуваат да избегаат од ситуацијата.
Таквите луѓе исто така силно се привлечени кон авторитарни идеологии бидејќи тие ја задоволуваат нивната најдлабока психолошка потреба за сигурност, брзи решенија и непроменливи, трајни одговори.
Има ли решение?
Во својата колумна британскиот професор конечно го постави прашањето, постои ли решение за оваа европска криза од поголеми пропорции. Како еден од одговорите го предлага ублажувањето на сегрегацијата, односно поттикнувањето на смислени контакти и комуникација помеѓу припадниците на различните етнички и расни групи, бидејќи тие ги слабеат стереотипите.
Друг клучен одговор е во образованието. Образованието го поддигнува коефициентот на интелигенција и ги намалува предрасудите. Се разбира, станува збор за статистика – секогаш постојат и исклучоци и отстапувања од неа, што најдобро го илустрира примерот на некои високообразовани лидери на ултрадесничарските партии. Образованието исто така им помага на луѓето да размислуваат поапстрактно и ги намалува предрасудите.
Доколку Европа сака да ги преживее поплавите на евроскептицизам и радикалните антиимиграциски идеологии, мора повеќе да вложи во образованието. Тоа е очигледно долгорочно решение, во спротивно, со потребата за заклучување и решенија со кои се бараат лесно препознатливи виновници, Европа би можела да се претвори во едно многу несреќно место, предупредува психологот.
Извор: tportal.hr