Дали на Албанаците во Македонија им е потребен нов универзитет? Истражувањето на НОВА и Порталб покажа дека за тој нема доволен број студенти, ниту професорски кадар, но се чини дека власта е решена новиот Универзитетот „Мајка Тереза“ да проработи. Предизборен маркетинг или политичка демагогија, или, пак, и двете – кому му треба „Мајка Тереза“?
Пишува: Аниса Алити
Опозициските партии обвинуваат дека и Универзитетот (на албански јазик и други два јазика според најавата на власта) „Мајка Тереза“ и оној на македонски „Дамјан Груев“ не се ништо друго освен залудно трошење ресурси за политички цели. Анализата покажува дека „Мајка Тереза“ се отвара без никакво извршено истражување коешто би ја оправдало потребата основање на нов универзитет. На терен се потврдува дека не само што недостасуваат студенти кои овде би студирале, туку за овој универзитет нема ниту соодветен кадар којшто ќе предава, ниту посебен објект каде ќе се реализира академската година, а коишто се основни услови за функционирање на еден универзитет.
Нема доволен број на студенти
Додека со конкурсот се нудат 1220 места за упис на студенти во прва година, како што информираше министерот за образование Пиштар Љутфиу, досега аплицирале околу 150 кандидати.
Електронското пријавување ќе трае до средината на октомври. Но, произлегува прашањето „Кој уште ќе се запише?„
Академската година во сите останати универзитети во Република Македонија започна на 15 септември. Освен тоа, завршени се и сите рокови за упис на нови студенти во нив.
Број на запишани студенти во академската година 2016/17 | ||
Универзитет | Вкупно студенти | Студенти Aлбанци од Македонија |
ДУТ | 3000 | 2650 |
УЈИЕ | 1230 | 1107 |
Универзитет Балкан | 1069 | 386 |
Вкупно: | 3757 |
Во Тетовскиот државен универзитет се запишани околу 3000 студенти, од кои околу 350 се странски државјани, изјави за Portalb.mk Ибрахим Незири од Канцеларијата за образование.
Во Универзитетот на Југо-Источна Европа се запишани 1230 студенти, а 90 отсто од нив се од Македонија, додека останатите студенти се од Косово, Албанија и странски земји, потврди советникот на Ректорот на УЈИЕ, Демуш Бајрами.
Од Канцеларијата за студенстки прашања на Балканскиот Универзитет, Емел Рушид не извести дека „Вкупниот број студенти на Балканскиот Универзитет за академската година 2016/2017 до овој момент е 1069, од кои Албанци од Македонија се вкупно 386 студенти“.
Број на ученици Албанци коишто положиле државна матура | |
Јунски рок | 5,424 |
Августовски рок | 266 |
Вкупни: | 5690 |
Според официјалните податоци од Министерството за образование, бројот на ученици Албанци коишто ја положиле државната матура е околу 5500, односно 5690. Така уште во јунскиот рок државна матура положиле 5,424 ученици. Додека на испитниот рок во август влегле 266.
Кога ќе се одземе и бројката на запишани студенти (треба да се земе в предвид и фактот дека студенти Албанци се веќе запишани во останатите државни и приватни универзитети, а кои не се пресметани погоре) од бројот на ученици коишто ја завршиле матурата, тоа што произлегува е – Нема веќе кој да се запише во новиот универзитет.
На прашањето на новинарката на Порталб дали претходно е направено некое истражување, за да се донесе заклучок дека има потреба за нов универзитет на албански јазик, министерот за образование и наука, Пиштар Љутфиу рече дека потреба има, а можеби имало и истражување кое ја потврдило.
„Па штом сме ја исфрлиле идејата за ова основање, верувам дека има потреба за поквалитетно образование. Конкретно можеби е направено истржување. Повторувам дека ние повеќе имаме потреба за квалитетно образование“, рече тој.
„Досега се пријавени малку повеќе од 150 студенти. Очекуваме овој број понатаму да се зголеми и верувам дека ќе има доволно студенти“, рече министерот Љутфиу, алудирајќи и на ветувањето дека ќе донесе студенти од Косово кои ќе студираат на Универзитетот „Мајка Тереза“.
Кадарот не е адекватен
Објавениот конкурс за академскиот персонал, предвидува 84 работни места, што значи 5 факултети и 14 програми. Според Alsat-M, ова е составот на академскиот персонал:
- Азиз Положани– редовен професор по предметот нутриционизам и Ректор на Универзитетот
(Дипломирал на Медицинскиот факултет, специјализирал во Загреб, докторирал за Управување на здравството); - Бистра Неткова – вонреден професор по предметот Комуникација на Факултетот за Технолошки науки
(Докторирала на Правни науки); - Ризван Сулејмани – вонреден професор по предметот Современи политички системи
- (Дипломирал за електроинженер, докторирал Политички науки –Европските интеграции во фрагментираните општества);
- Агрон Куртиши – професор за Социјална политика
(Докторирал во областа на комуникациски и информациски науки во Софискиот универзитет, магистрирал во Германија во областа на Науките за медиуми и меѓукултурна комуникација); - Фати Исени – доцент по предметот за социјален развој
(Дипломирал Современа историја во Приштинскиот универзитет, докторирал во Институтот за Европски студии во Тирана на те,а „Политичко-општествените околности на Албанците во Македонија 1989-2001“); - Калтрина Зеколи Шаќири – асистент–докоторант по предметот Политички науки
(Дипломирана правничка и ќе докторира право)
Ваквиот избор е направен спротивно на Законот за високо образование којшто предвидува дека за наставните звања асистент-докторант, доцент и редовен, како и вонреден професор, може да се избере лице кое има соодветен степен магистер или доктор на науки во облста за која се избира.
Според експертите, освен несоодветниот избор на академскиот персонал, и самите членови на матичните комисии, ја немаат потребната академска подготовка за нивната позиција.
Членови на матичната комисија за Архитектонски и Градежен факултет се:
- Др. Катарина Девалиева – Молеколурна биотехнологија
- Др. Аслан Билали, правник
- Др. Андреас Грос
Членови на матичната комисија за Факултет за Технолошки науки се:
- Др. Муртезан Исмаили, доктор по Биохемија и околината
- Др. Александар Климовски, правник
- Др. Андреас Шонберг
Членови на матичната комисија за Факултетот за Технички науки се:
- Др. Денис Фарингон, доктор по филозофија и правник
- Др. Атанас Кочов, Машински факултет
- Др. Арѓенд Рамадани, Инжинериска технологија
Љутфиу на средбата се неговиот косовски колега Арсим Бајрами го истакна не само недостигот на студенти, туку и на кадарот. Бајрами вети дека Косово ќе му помогне на Универзитетот „Мајка Тереза„ со кадар и покрај фактот што во Македонија има 29 доктори на науки и 889 магистри кои се невработени.
Нема ниту објект ниту доволно финансии
На Универзитетот Мајка Тереза му е доделено земјиште во касарната „Илинден“, но и му се доделени потребните финансии за изградба на објектот. Наместо да се изгради објект споменатиот простор се претвора во дива депонија на отпадоци.
Па така, Универзитетот „Мајка Тереза“ најде конак во објектот на Универзитетот на Југо-Источна Европа. Сепак, итноста за започнување со работа на Универзитетот „Мајка Тереза„ не ја оправдува узурпацијата на еден друг универзитет, бидејќи тоа би создало анархија и во двете високо образовни институции, велат нашите извори.
Освено тоа, буџетот што владата го подели за универзитот е недоволен: со толку пари универзитетот нема да може да функционира. Буџетот на универзитетот за академската година 2016-2017 ќе биде само 10 милиони денари. Истовремено Штипскиот и Битолскиот универзитет ќе земат околу 251.5 милиони денари.
Но, според министерот Љутфиу, во буџетот за идната година се предвидени дополнителни 80 милиони денари.
Дека нема потреба за отворање на универзитетот говорат погоре образложените аргументи. Но, на прашањето на новинарката на Порталб – Бидејќи нема доволен број на студенти а ниту кадар и бидејќи Универзитетот „Мајка Тереза“ веќе доцни за оваа година, дали не е подобро да се одложи за да почне со работа следната година? – министерот Љутфиу одговори:
„Универзитетот Мајка Тереза веќе започна и овој процес е неповратен. Академскиот персонал е веќе основан, помошта од Косово не недостасува и верувам дека ќе успееме“.