Милионски суми од капиталните расходи се скратени за да се обезбедат пари за повисоки плати. Кај сите ресори и институции се предвидени повисоки буџети за плати, придонеси и надоместоци, но од друга страна има кратења, пишува Порталб.мк.
Финансиски поместувања во министерствата ..
За Министерството за политички систем се предвидува намалување на средствата за патни и дневни трошоци, позначајно намалување за 81 000 евра има за комунални услуги, греење, транспорт, намалување има и за скоро 200 000 евра има за основни плати и за придонеси кај потпрограмите Соодветна и правична застапеност. Од друга страна повеќе пари ќе има за основни плати, придонеси и надоместоци за администрација во висина од 31 600 евра.
Дополнителни суми за плати, придонеси, надоместоци
( административниот дел во ресорите )
Министерство за политички систем 31 600 евра
Министерство за одбрана 350 000 евра
Министерство за образование 220 000 евра
-основно образование 332 200 евра
-средно образование 783 000 евра
Министерство за внатрешни работи 110 200 евра
-Полиција 3 200 000 евра
МНР 183 300 евра
Министерство за транспорт 70 000 евра
Поголем број прераспределби има во Министерството за одбрана, па така во однос на сегашните планирани средства намалување за 162 000 евра има за комунални услуги, за патни и дневни трошоци се предвидуваат 32 500 евра помалку додека сумата за договорни услуги се намалува за 308 000 евра. По овие основи има намалување на расходите и во Армијата. Позначајно намалување има кај ставката Интеграција во НАТО – купување на опрема и машини за дури 24 600 000 евра. Сумата за плати, придонеси и надоместоци се зголемува за 350 000 евра, а платите се зголемуваат и во АРМ, за меѓународни мисии, договорни услуги во армијата.
Министерството за образование ќе добие дополнителни скоро 220 000 евра за плати, придонеси и надоместоци за вработените. Се зголемуваат платите и сумата за договорни услуги во Националниот совет за високо образование како и во останатите институции кои се под надлежност на овој ресор . Дополнителни милионски суми ќе има за основно и средно образование. И државните универзитети ќе добијат повеќе пари за плати, за патни и дневни расходи, за комунални услуги.
Во Министерството за внатрешни работи се кратат трошоците за капитални расходи преку ставката Реформи во полицијата за капитални расходи има намалување за дури 2 500 000 евра, за реконструкција и опремување на згради ќе има 1 000 000 помалку. Дополнителни 110 000 евра ќе има за плати и придонеси за администрацијата, за 1 300 000 евра се зголемува ставката за плати и придонеси за полицијата додека за 1 900 000 се зголемува сумата за надоместоци. Се предвидуваат дополнителни 600 000 евра за купување на возила додека за купување на опрема и машини кај ставката Реформи во полицијата има зголемување за 2 900 000 евра.
Со ребалансираниот Буџет Министерството за правда ќе добие 34 000 помалку за основни плати во административниот дел а капиталните расходи се намалуваат за 30 800 евра, трансферите до невладините организации за дури 102 000 евра. Од друга страна за 32 400 евра се зголемуваат средствата за надоместоци, за 27 000 евра за купување опрема и машини а има и скоро 27 000 евра за новиот Национален совет за медијација.
Во Министерството за надворешни работи за 81 000 евра се намалуваат средствата за комунални услуги а намалување од скоро 200 000 евра има за основни плати кај ставката за дипломатски и конзуларни претставништва а за исто толку се намалуваат и капиталните расходи. Во МНР се кратат 324 000 евра за други тековни расходи поврзани со Претседавање на РСМ со ОБСЕ. Од друга страна за плати, надоместоци, придонеси сумата е зголемена за 183 300 евра а за градежни објекти за скоро 200 000 евра.
Поголеми прераспределби има во Министерството за финансии, има кратење и зголемување кај ставката за основни плати и придонеси, кратење има за набавка на материјали, за греење, транспорт, договорни услуги. Нивелација на плати има и секторите и телата кои се под надлежност на овој ресор. За скоро 50 000 евра се намалуваат парите за патни и дневни трошоци во Управата за финансиско разузнавање каде има и кратење и за комунални и за договорни услуги.
Во Министерството за економија и во телата кои се под негова ингеренција направени се низа на буџетски прераспределби – 50 000 евра помалку за комунални услуги а за капитални расходи за 46 000 евра. Ставките “ субвенции за приватни претпријатија“ се кратат за дури 470 000 евра а намалување има и кај платите за економска дипломатија, договорни услуги. За дури 810 000 евра се намалуваат и средствата за “разни трансфери“ кај ставката “Развој на енергетика“. За 47 000 евра се зголемуваат надоместоците и патните и дневни трошоци во административниот дел. Повисоки плати и повеќе пари за патни дневни трошоци ќе има за вработените во Геолошкиот завод, Агенцијата за поддршка на претприемништво, Институтот за стандардизација и други.
Министерството за транспорт и врски кое располага со еден од поголемите годишни буџети со ребалансот има неколку измени но со големи износи. Позначајно се крати кај ставките: разни трансфери за 567 000 евра, за 924 000 евра кај капитални расходи ( урбанизам) и скоро 500 000 евра за вложувања во нефинансиски средства. Од друга страна ќе има скоро 70 000 евра повеќе за плати, придонеси и надоместоци. За капитални субвенции за претпријатија и невладини организации, преку повеќе ставки, сумата се зголемува за 1 250 000 евра.
Со Ребалансот на Буџетот се предлага кратење на околу 300 000 000 евра од капиталните расходи за да се обезбеди зголемување на платите. Опозицијата оцени дека вака предложениот Буџет навестува парламентарни избори.
Извор: Порталб.мк