Се намалува бројот на активно и работоспособно население во земјава. Новите податоци покажуваат дека во 2022 во 2021 бројот на активно население е намален за скоро 12 000. Не запира трендот на одлив на работна сила но во најава е и “увоз“ од странство, пишува Порталб.мк. Пазарот на труд се соочува со тектонски промени.
За една година активното население намалено за скоро 12 000…
Се намали бројот на работоспособно но и на активно население во државата –и врз основа на новите податоци од Пописот 2021, состојбата на пазарот на труд е загрижувачка. Новата Анкета за работна сила на Заводот за статистика покажува дека лани во споредба со 2021 бројот на активно население е намален за 11 814 а на работоспособно за 4 241 – бројки кои според експертите покажуваат дека државата се соочува со незапирлив тренд на одлив на работоспособно и пред се наталитетно население кое треба да биде столб и на економија и на демографијата.
Анкета за работна сила
2021 2022
Работоспособно население 1 468 723 1 464 493
Активно население 819 892 808 078
Податоците покажуваат дека годишно ниво во апсолутни бројки се намалува бројот на невработени но и бројот на вработени кој во 2022 та во однос на 2021 та е намален за скоро 1 500. Пописот 2021 ги “стопи“ бројките за вкупниот број на вработени во државата кој се спушти под 700 000. Така лани во земјава биле вработени 692 034 лица, од нив 515 425 се во приватен сектор а останатите во фирми со државна или друга мешовита сопственост. Најголем број на вработени во приватниот сектор апсорбираат дејностите во кои има најголем дефицит на кадар, односно од каде има и најголем “извоз“ на работна сила.
Во приватниот сектор, преработувачката индустрија е водечка, лани вработувала 134 568 а на второ место е трговијата со 107 252 а скоро 43 000 работат во градежништво. Илјадници вработени има и во земјоделството.
Број на вработени ( приватен сектор)
Преработувачка индустрија 134 568
Трговија 107 252
Земјоделство 66 636
Градежништво 42 297
Хотелско-угостителски сектор 23 162
Бизнисот бара либерализација на увозот на работна сила ..
Фирми од градежниот сектор, трговијата, угостителството алармираат дека се соочуваат со недостиг на работна сила – подготвени да ја увезат од странство. На пазарот на труд, преку посреднички агенции веќе се воспоставува контакт меѓу странските работници и домашните фирми. За бизнисмените чии фирми се пред се од трудоинтензивните дејности единствено решение за дефицитот на кадар е увоз на работна сила. Овој проблем ќе станува се поизразен со најавата за изградба на автопатите во државата – ќе има проекти ама ќе нема кој да ги реализира.
„Потребно е постепено либерализирање на пазарот на трудот со увоз на странски работници, затоа што многу компании од градежната индустрија имаа проблеми, особено лани, кога квотата беше исполнета многу порано пред истекот на годината да вработат странци“ – вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи, и самиот сопственик на текстилна фирма во која има дефицит на кадар.
Од Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) побараа од Владата да ги измени условите за влез на работа сила од странство а либерализацијата да важи за Косово.
„Треба да се зголемат квотите за увоз на работна сила дури и од Азија, бидејќи има недостиг на работна сила во земјава особено во угостителството, туризмот и градежништвото. Пред тоа да се направи, мора да се искористат сите капацитети кои ги имаме во земјава“, изјави Менди Кира претседател на СКСЗМ, со барање до власта да се намалат придонесите за плата за да се остави простор на приватниот сектор да ги зголеми платите, како еден од механизмите за задржување на работната сила.
Од Владата веќе најавија дека дефицитот на работна сила ќе се “амортизира“ со увоз на странска, но според познавачите ова ќе биде само моментално решение кое може да донесе нов проблем – дел од странските работници да ја искористат земјава како „отскочна“ даска кон европските дестинации.
„Носењето на работна сила од странство чини 2000 евра, дополнително ќе треба да се обезбеди и здравствено осигурување, сместување. Ќе го кажам примерот со Албанија каде во државата беа примени работници од Египет. Дури 70% од нив потоа за кратко ја напуштија земјата со што Албанија остана без завршени проекти и дополнително доби пенали од Европската унија“, вели Зоран Кочоски од „Коузон“ – Агенција за посредување при работа.
Решението за проблемот со кој се соочува македонскиот пазар на труд, според бизнисмените и аналитичарите сепак треба да се бара во системски мерки за задржување на работоспособното население кои значат не само повисоки плати, туку и квалитетно образование, битка со корупција, неселективно судство.
Извор: Порталб.мк