На дел од агенциите, регулаторните тела, државните комисии догодина ќе се зголемат буџетите за исплата на плати, но во дел ќе се намалат. „Порталб“ во две продолженија ќе објави компаративна анализа за висината на бруто платата по вработен догодина во однос на годинава.
Во некои институции пад, во други раст на просечната бруто плата во 2023-та
Во ОТА, Оперативно техничка агенција, една од институциите значајна за безбедноста во државата, просечната бруто плата догодина ќе се зголеми за 7 400 денари и ќе достигне 119 900 денари. Во оваа институција работат 26 вработени. Раст на бруто просекот и за 46 те вработени во Уставен суд каде во 2023 та ќе изнесува 88 768 денари, повеќе за 5 300 денари во однос на годинава.
Една од институциите со повисоки плати е Државниот ревизор, во 2023 та просечната бруто плата ќе се зголеми за околу 500 денари и ќе изнесува 81 121 денар. Просечната месечна бруто плата во Државната комисија за спречување на корупцијата догодина ќе изнесува скоро 73 000 денари а зголемување ќе има и во Државната изборна комисија со просечна бруто плата од 52 900 денари.
Бруто плата по вработени 2023
ОТА 119 900 ден.
Уставен суд 88 768 ден.
Државен ревизор 81 121 ден.
ДКСК 73 000 ден.
Претседател на држава 58 900 ден.
Зголемување на месечната бруто плата на ниво од скоро 58 900 денари има и кај Претседателот на државата каде догодина бројот на вработени во однос на годинава ќе се намали за тројца и ќе изнесува 62.
Догодина повисока бруто плата за 2 600 денари е пресметана за Агенцијата за национална безбедност. Во АНБ бројот на вработени ќе се намали на 377 а бруто платата е проектирана на 78 381 денар.
Раст на просекот на бруто платата по вработен од околу 4 000 денари ќе има во Агенцијата за заштита на лични податоци и таа ќе достигне 50 000 денари при што бројот на вработени е предвидено да се намали за двајца, во Агенцијата за заштита од дискриминација со 17 вработени просекот ќе се зголеми на 76 570 денари, за 4 700 денари ќе се зголеми бруто просекот на 49 300 во Агенцијата за примена на јазикот со 36 вработени,
Бруто плата по вработен 2023
Аген.за разузнавање 84 252 ден.
Агенцијата за национална безбедност 78 381 ден.
Аген.за заштита од дискриминација 76 570 ден.
Аген.за примена на јазикот 49 300 ден.
Аген. за заштита на лични податоци 50 000 ден.
Намалување за 1 000 денари има кај просечната бруто плата во Агенцијата за разузнавање со 242 вработени. Догодина поросекот таму ќе изнесува 84 252 денари, што е еден од повисоките во рамки на државните институции. Позначајно намалување за 10 000 денари има кај просечната бруто плата на вработените во Регулаторната комисија за домување каде за 8 те вработени просекот на платата ќе изнесува 73 854 денари.
Раст за 2 600 денари има и на просекот на бруто платите во Дирекцијата за заштита и спасување каде до година ќе достигнат ниво од 45 150 денари, за 2 600 денари ќе се зголеми и бруто платата во Центарот за управување со кризи на ниво од скоро 45 000 денари,
Се зголемува и буџетот за плати за 1 037 вработени во Управата за извршување санкции, која ги опфаќа затворите и воспитно-поправните установи. Догодина просечната бруто плата ќе изнесува 51 143 денари, со зголемување за околу 400 денари во однос на годинава. Платите ќе се зголемат и во Управата за водење матични книги за 4 000 денари и догодина просечната бруто плата ќе изнесува 35 750 денари. Во Управата за јавни приходи со 1 036 вработени просечната бруто плата догодина ќе се зголеми за 6 300 денари и ќе достигне 57 348 денари, Во Царинската управа со 1 241 вработен просекот на бруто платата ќе се зголеми за нецели 1000 денари и ќе изнесува 56 480 денари, за 5 500 денари ќе се зголеми просекот на бруто платата во Управата за финансиска полиција со 69 вработени и ќе достигне 66 883 денари.
Бруто плата по вработен 2023
Управа за финансиска полиција 66 883 ден.
УЈП 57 348 ден.
Царинска управа 56 480 ден.
Управа за водење матични книги 35 750 ден.
И во дел од инспекторатите планиран е раст на бруто платата : во Инспекторатот за употреба на јазиците со 18 вработени ќе изнесува 52 040 денари, за 5 720 денари се зголемува просекот во Државниот инспекторат за животна средина каде бруто платата ќе изнесува 71 090 денари а со растот за 5 000 денари, просекот во Државниот инспекторат за транспорт ќе биде 62 571 денар.
Во Државниот девизен инспекторат со 8 вработени догодина просечната бруто плата ќе се намали за околу 10 500 денари и ќе изнесува 53 354 денари a намалување има и во Државниот инспекторат за техничка инспекција со бруто плата од 57 440 денари.