Само за три месеци внатрешниот долг, доспеани а неплатени обврски на државни институции, министерства, училишта, судови, клиники, јавни претпријатија, е зголемен за 22,7 милиони евра. Во првиот квартал од оваа година државните долговите достигнаа 441 милион евра, пишува Порталб.мк. Само државните фирми и ЈП имаат долг од 173 милион евра.
Државните фирми и ЈП со највисоки долгови – износ од 173 милион евра
Здравството, државните јавни претпријатија, училиштата, со “надградени“ долгови, во првиот квартал од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, ги зголемиле доспеаните а неплатени обврски, покажуваат новите податоци од Министерството за финансии. На новата должничка листа, со доспеани а неплатени долгови се 944 институции од судството, извршната, законодавната власт. Вкупниот внатрешен долг достигна 441,3 милиони евра.
Доспеани а неплатени обврски
Март 2023 441 370 000 евра
Декември 2022 418 622 400 евра
Ако се анализира според видот на државните субјекти, за три месеци долговите се зголемени во здравството и на крајот од март тие достигнаа 91,3 милион евра, значајно се зголемени и доспеаните обврски на буџетски корисници од втора линија ( образование, социјална заштита, институции за култура) и тие изнесуваат скоро 4,4 милион евра а раст има и на долговите на државните фирми и јавни претпријатија кои на крајот од март изнесувале 173 милион евра.
Доспеани а неплатени обврски ( март 2023)
Државни фирми и ЈП 173 000 000 евра
Јавни здравствени установи 91 344 140 евра
Општински јавни претпријатија 72 017 560 евра
Општини 64 108 100 евра
Токму државните јавни претпријатија и фирми и здравството се на првите две места на должничката листата според вкупниот износ на долгот а зад нив се општинските јавни претпријатија со неплатени сметки во износ од 72 милион евра и општините со долг во износ од 64,1 милион евра.
МЖ Транспорт и МЖ инфраструктура се “лидери“ според висината на долгот
На првите пет “должнички “ позиции се наоѓаат четири државни/јавни претпријатија а на петто место се Јавни установи од здравството за потребите на болниците, клиниките и Ургентниот центар. Конкретно, највисок износ на долг од 68,7 милион евра пријавиле АД МЖ Транспорт, на второ место со доспеани а неплатени обврски во износ од 29,3 милион евра е ЈП МЖ Инфраструктура – овие две државни фирми со години котираат виско според износот на доспеани а неплатени обврски.
Највисок износ на доспеани а неплатени обврски
МЖ Транспорт 68 782 334 евра
МЖ Инфраструктура 29 300 000 евра
АД Номагас 26 600 000 евра
ЕСМ – дистрибуција на топлина 22 430 000 евра
ЈУ од областа на здравството 22 429 400 евра
На трето место со долг од 26,6 милион евра е државно АД “Номагас“ кое беше формирано лани преку спојување на АД НЕР ( национални енергетски ресурси) и АД ГА-МА. Со доспеани а неплатени сметки во износ од 22,4 милион евра на четврто место е новоформираната ЕСМ – дистрибуција на топлина а Јавни установи од областа на здравството се на петто место со приближно ист долг во износ од 22,4 милион евра.
Податоците покажуваат дека државните институции, агенции, болници, училишта, културни установи, судство, најмногу должат за комунални услуги, греење, транспорт и овие обврски надминаа 78,6 милион евра а приближно иста сума се должи за набавка на материјали и ситен инвентар.
Извор: Порталб.мк