Најголем број на вработени на ниво на министерствата има во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците и во Министерството за земјоделство, најмал број на вработени има Министерството за локална самоуправа. Во Собранието се вработени 257 лица, но во оваа бројка не се и пратениците. Податоците од новиот Извештај од Регистарот на вработени во јавниот сектор за 2020 та покажуваат намалување на бројот на буџетари-административци. „Порталб“ во две последователни продолженија детално ги обработува податоците за вработените по повеќе критериуми.
Во Уставниот суд – просечна возраст 53 години, Владиниот секретаријат “најподмладен “ ..
Вкупниот број на вработени во јавниот сектор во 2020 та изнесувал 131.183, од нив 19.594 се вработени во безбедносните структури , во Армијата, Полицијата, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и во Финансиската полиција.
Точно 1 102 вработени во јавниот сектор имаат над 64 години, напроти нив на возраст од 18 до 25 години се 2 112 административци. Просечната возраст на вработените во јавниот сектор е 46 години, но најбројни се оние од 46 до 55 години.
Возрасни групи – вработени во јавен сектор
Од 18 до 25 години 2 112
Од 26 до 35 години 19 603
Од 36 до 45 години 30 947
Од 34 до 55 години 32 231
Од 56 до 64 години 25 594
Над 64 години 1 102
Анализата покажува дека најголема просечна возраст од скоро 53 години има кај Уставниот суд, додека пак најмала просечна возраст од 38 години има кај Секретаријатите на Влада. Во министерставата просечната возраст на вработените е 43 години, во Јавните претпријатија скоро 49 години, а во општините нешто повеќе од 45 години. Лицата со над 64 годишна возраст се најзастапени во Судски совет, Уставен суд, во регулаторните тела, во Органи во состав на Министерства, кај Народниот правобранител. На ниво на цел јавен сектор најголемо учество имаат возрасните групи од 36 до 45 години и од 46 до 55 години.
Во дел од институциите – нема вработени етнички Ромите, Турците, Срби..
Во 2020 та година, според етничката припадност регистриран е зголемен број на вработени од речиси сите етнички групи , додека благо намалување во однос на 2019 та има кај вработените од ромската етничка заедница.
Конкретно, лани 80.891 од вработените биле Македонци, 23.269 се Албанци, 2.436 се стнички Турци, 1.567 се Роми, 1.567 се Срби.
Етничка припадност % на вработени
Македонска 72,49%
Албанска 20,85%
Турска 2,18%
Ромска 1,40%
Српска 1,16%
Бошњачка 0,51%
Влашка 0,49%
Друга 0,91%
Ако се навлезе во детелите за тоа кои етнички заедници во кои институции се најзастапени, податоците покажуваат дека етничките Албанци се најзастапени кај Народниот правобранител со 36,4%, во Министерствата со 36,1% и Секратаријатот на Владата со 29,1%, додека најмалку застапени се Уставен суд со 0 %.
Етничка застапеност: Македонци / Албанци
Аген.за заштита на личните податоци 65,0% / 30,0%
Државна изборна комисија 62,6% / 30,3%
Ком. за заштита на конкуренцијата 66,7% / 29,2%
Секретаријат за европски прашања 58,1% / 30,2%
Министерство за економија 49,1% / 50,0%
Министерство за животна средина 61,3% / 33,3%
Министерство за здравство 67,3% / 30,1%
Министерство за локална самоуправа / 44,2% 46,1%
Министерство за политички систем 1,2% / 85,6%
Припадниците на ромската етничка заедница се најзастапени во Министерство за политички систем со 4,4%, во Министерство за правда со 2,2%, во Министерство за труд и социјална политика со 2,8% додека Турците се најзастапени во Министерство за политички систем со 6,9% и во Министерството за економија со скоро 4%. Различен распоред на силите по “етнички клуч“ има и во Агенциите, така, етнички Албанци се скоро 44% од вработените во Агенција за задолжителни нафтени резерви, во Државен завод за индустриска сопственост и во Агенција за управување со одземен имот се застапени со скоро 41%, а во Државно правобранителство со 28% . Етничките Роми, Турци и Срби пак воопшто ги нема во повеќе агенции како Агенцијата за иселеништво, Агенција за квалитет и акредитација на здравствени установи, Агенција за поддршка на претприемништвото, Агенција за странски инвестиции, Агенција за филм, Инспекциски совет…
Со цел да се добие комплетна слика за вработените во јавниот сектор од различни аспекти, во следната „Анализа“ на “Порталб“ ќе се анализира образовната структура на вработените во администрацијата – клучна за квалитетот и ефикасноста во работата како, етничката структура на вработените на локално ниво и бројот на вработени во министерствата.
Извор: „Порталб.мк“