АНАЛИЗА : За греење, парно, транспорт, институциите должат над 81 милион евра , милионски долгови и за инвентар

Од вкупните внатрешни долгови на државно и на локално ниво во износ од скоро 400 милиони евра,  дури 20% се само по основ на неплатени сметки за комуналии, струја, греење, транспорт а скоро 22% од долгот е за неплатени материјали и ситен инвентар, пишува Порталб.

Здравството, општинските и државните  јавни претпријатија со најголем долг..

Највисоки милионски износи на долгови пријавиле здравствените институции, болници, клиники, институти, потоа општинските јавни претпријатија, јавните претпријатија во државна сопственост  и државни фирми. Порталб направи компаративна анализа за состојбата на долговите на годишно ниво. На крајот од третиот квартал јавните здравствени установи пријавиле долг во износ од 104 милиони евра – со раст од скоро 42 милиони евра во однос на третиот квартал од 2021 та година.

                                                            Доспеани а неплатени обврски

                                                                           септември 2022                септември 2021

Јавни здравствени установи                             103 810 000 е                     62 100 000 е

Државни фирми и ЈП                                         126 000 000 е                     124 660 000 е

Општински ЈП                                                      70 800 000 е                       52 300 000 е

Раст на долговите во септември 2022 во однос на истиот период лани има и кај јавните претпријатија во државна сопственост и државните фирми – доспеаните а неплатени обврски изнесуваат 126 милиони евра а долговите на општинските јавни претпријатија се во износ од 70,8 милиони евра  што е раст за 18,5 милиони евра.

Над 40% од долговите за комуналии, инвентар , материјали…

За комуналии, струја, вода, транспорт, телефони, интернет, мебел и и инвентар – по овој основ се најголемите долгови на државните институции, јавни претпријатија, општини, здравство, образование. На крајот од третиот квартал од годинава само по основ на комунални сметки ( струја, вода, комуникации) доспеаните а неплатени обврски на институциите на државно и на локално ниво изнесувале фантастични 81,3 милиони евра  и во однос на истиот период лани  се зголемени за цели 35,5 милиони евра.

                                                           Доспеани а неплатени сметки

                                                                        септември 2022                  септември 2021

комунални сметки                                           81 300 000 евра                    45 780 000 евра

материјали и ситен инвентар                         84 755 000 евра                    45 056 000 евра

договорни услуги                                             42 933 000 евра                    33 100 000 евра

патни и дневни расходи                                  161 000 евра                         253 500 евра

Милионски износи на долгови и по основ на набавени а неплатени материјали и ситен инвентар, долг од скоро 85 милиони евра  со зголемување за драматични 40 милиони евра во однос на истиот период лани. Високи износи на неплатени обврски има и за “договорни услуги“, на крајот од септемрви 2022 година долгот бил скоро 43 милиони евра додека во истиот период лани изнесувал 33 милион евра. На годишно ниво раст има и кај долговите за патни и дневни расходи, од 161 000 евра во септември 2021 се зголемиле на 253 500 евра.

На новата должничка листа што ја објавува Министерството за финансии долгови пријавиле 864 институции на државно и на локално ниво – министерства, болници, училишта, судови, факултети, општини, јавни претпријатија, институции од културата. Од министерствата највисок износ на долг од 1,5 милион евра пријавило Министерство за образованиеМинистерството за култура должело 860 000 евра а трето по висина на долгот е Министерството за правда со износ од 611 000 евра.

Порталб