Аналогните фотографии и плочите шармираат и во дигитална ера

Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“

  • Сè повеќе видеа, па дури и цели филмови се снимаат со камера на мобилен телефон. Мобилните се и еден од главните уреди преку кој се слуша музика што е достапна на дигиталните платформи како Јутјуб, Спотифај, Бендкемп. Но, додека светот полека се пакува во кутија што ја собира во џеб, во мода се враќаат „старите“ начини на фотографирање и слушање музика.

    Опстојувањето на анлогната фотографија и плочите како претставници на претходниот век, во речиси виртуелниот 21-ви век, е светски феномен. Четири од годинешните номинирани филмови за Оскар се снимени на филмската лента на „Кодак“. Пред реактуализирањето на камерите на филм, многу популарни беа малите полароид апарати со инстант фотографии кои се готови за неколку минути. Беа произведени нови модели на полароид камери со филмови кои се достапни во целиот свет.

    Истовремено, наместо ЦД-то кое во 80-тите се појави како замена за плочите и касетите, денес се преферира и негува слушањето музика на грамофон. Статистиката покажува дека продажбата на плочи во 2022 година во САД ја надмина продажбата на ЦД-а за првпат од 1987 година. А, продажбата на плочи во 2023 година порасна за скоро 12% во споредба со 2022. Покрај старите грамофони и плочи кои младите ги вадеа од подрумите на родителите, постојано се објавуваат плочи со нови музички парчиња и нови модели на грамофони, а тука е и желбата на музичарите својата музика да ја имаат и во тврда копија – во форма на винил.

    Грамофони и плочи во Литература.мк во Скопје / фото: Радио МОФ

    Апаратите на филм и винилот во последните неколку години го доживеаја својот „камбек“ и во земјава. Како потврда за тоа може да се земат и продавничките за аналогни апарати и филмови, кои сè уште опстојуваат и каде се развиваат филмови, а и плочите што може да се најдат на сè повеќе места – на пример во големите книжарници. Се разбира, тука се и локалните уметници кои прават цели изложби со аналогни фотографии и објавуваат или пуштаат музика исклучиво на винил.

    Пред МКЦ на „Record Store Day 2023“

    Пред само неколку месеци аналогно се објави и „Поп култура“ – плоча која прави запис на најмладата македонска поп сцена. А, тука е и „Record Store Day“, настан кој веќе седма година прибира на дружба издавачи и љубители на плочи. Во Македонија се одржува и „Skopje Vinyl Convention“ – исто така настан посветен на вљубениците во грамофонски плочи и музика.

    „Оваа култура од секогаш имала фанатици кои, без разлика дали е тренд или не, тие собирале плочи“, вели Горан Костовски Индог кој селектира музика на плочи и како диџеј и за во неговиот подкаст „Celebrate life“. Плочите имаат шарм, а аналогната природа му додава уникатност на звукот, кој, вели Индог, дигитално не можеме да го доживееме.

    Денски во кафе-книжарницата „Буква“ / Фото: Лени Вон Гелева

    „Како дизајнер, прво и основно задоволство ми е уживањето во дизајнот што некој го направил за одреден албум или ЕП, па од таму и вниманието на слушањето на самата плоча. Има и трајност, пред сè. Дигитално пушташ и обично забораваш дека слушаш нешто, си тече без престан. Иако дигиталниот свет е прекрасен и можеш што сакаш да слушнеш и да пуштиш со само еден клик, овде е потребно и внимание кога ќе заврши плочата, да смениш страна. Крцкањето и несовршеноста на плочата најчесто придонесуваат за автентично слушање, а и кога имам физичко дело во рака, повеќе ја сакам музиката“, поентира Индог.

    За Тошо Филиповски, музичар, публицист и архивар на македонската рок музика, винилот е траен документ кој по својот физикус со омотот, инсертот, како што вели, „нуди уште една (или повеќе) опција за уживање и на други сетила при консумирање на музиката“.

    Според него, ентузијазам за плочи постои – има неколку музички продавници, кои вели, за жал се само во Скопје.

    Тошо Филиповски во АП(о)ТЕКА, МКЦ

    „Кај нас, како и со многу други работи, и купувањето на музика, генерално, е на многу ниски гранки. ЦД-ата одамна изгубија секаква пазарна-куповна вредност и музиката веќе подолг период се објавува на дигитални платформи, без физички носач на звук. Плочите земаа некој залет од пред 10, 15 години но бројките на изданија кои се продаваат (и домашни и странски) се навистина симболични, особено ако се земе за споредба времето од крајот на 80-ти и првите години од 90-ти кога секое домаќинство имаше грамофон и купуваше музика, и уживаше во музика…..било каква. Неспоредливи се тие тиражи со оно што постои сега, и во светски и во домашни услови. Уште полоши е во ова – домашни услови“, посочува тој.

    Како долгогодишен буден следач на музичките бранови кај нас, вели дека е зголемен и интересот за објавување домашна музика на винили.

    „Ама сето тоа е само страст кај консументи и страст кај бендови. Нема бизнис“, поентира Филиповски.

    Во време кога музиката може да се објавува онлајн и речиси бесплатно, винилот се гледа како поскапа опција. Филиповски смета дека сепак најважно е авторската музика да се консумира во неизмерни количини, без разлика од каков формат таа извира. Тој вели дека самата објава на било каков носач на звук, па и на винил, директно не може да стимулира креативност, но е сатисфакција кога авторското дело се става на носач на звук и станува достапно на широката јавност.

    „Во една ваква историска перспектива мислам дека може да се зборува дека објавата на винил е дополнителна стимулација за повторување на чинот на творештво за секој млад (па и повозрасен) автор, но самата креативност сепак зависи од други фактори, особено од времето (околностите) во кое се создава еден авторски музички труд“, истакнува публицистот.

    Фото: Тошо Филиповски

    „36 или 24 пози“  

    Драган Трајчевски е голем ентузијаст за фотографија, а од првата фотка која ја направил аналогно во 1988 со овие процеси се служи до денес. Открива дека понекогаш фотографира и со дигитални апарати, но и покрај тоа „нема откажување од аналогната фотографија“.

    „Интересно со аналогната фотографија е тоа што бара целосен ангажман и посветеност, за да се изведе целиот процес од фотографирање до развивање на филмот, посебно ако одлучиш дека рачно ќе ги развиваш филмовите. Исто така нуди огромни можности за експериментирање со различни филмови од различни производители и резултатот кој ќе се добие како финален на една фотографија“, вели тој за Радио МОФ.

    Фото: Драган Трајчевски

    Околу апаратите на филм, често стои предрасудата дека фотографирањето се „ограничува“ и тоа најчесто на 36 или 24 пози. За него ова не е проблем, бидејќи вели, „секогаш може да се понесат повеќе филмови“.

    „Никогаш не сум излегол од дома само со еден филм. Не сакам да пропуштам ниту еден добар момент од којшто би можел да излезе добра фотографија“, додава Трајчевски.

    Фото: Драган Трајчевски

    Сашо Алушевски е еден од основачите на меѓународниот фестивал за алтернативна фотографија „ЗРНО“ кој оваа година по третпат ќе се одржи во земјава. Фестивалот, како што и претходно ни има кажано тимот, е создаден од неколку вљубеници во старите и благородни фотографски процеси, а со цел да се сподели уживањето во нив со луѓе од цел свет.

    На прашањето „Зошто фестивал на аналогна фотографија во дигитална ера?“, Алушевски одговара: „За да ја ‘накренеме’ овенатата македонска фотографска сцена која е заглибена во една кал од пред 50тина години, за да ги донесеме современите врвни достигнувања на фотографијата во светот. За да ја ставиме Македонија на прогресивната културна мапа на светот. А на кратко-од мерак“.

    На фестивалот за кој одговорно вели дека е единствен од ваков вид во светот, секоја година има по неколку учесници од Македонија, но повеќето се странци. Програмата нуди неколку стандардни работилници и некои нови. Во суштина, вели Сашо, сите тие се таканаречени – благородни фотографски процеси.

    „Она што го нема во инстантните слики од дигиталната фотографија. Еден потполно друг, огромен универзум, кој не ни може да се објасни на оние кои фотографираат само дигитално“, објаснува тој.

    Фото: „Зрно фестивал“

    Учесничка на фестивалот во 2022 и 2023 година била Ана Рунчева, млада фотографка чии аналогни фотографии објавивме и во фото-рубриката #НизТвојотОбјектив. За неа, процесот на развивање филм е доживување само по себе.

    „Имав прилика да научам да развивам рачно црно-бел филм што и сѐ уште го правам дома.  Кога ќе се искористи еден филм, истиот се премотува и се вади од канистерот се мота на котур кој оди во дозна т.е. сад кој не пропушта светлина. Со помош на хемикалии за развивање на филм се развива и потоа се суши“, раскажува младата фотографка.

    За неа аналогната фотографија е начин да се добие слика „за едно друго време, кога фотографирањето
    претставувало малку подолг процес за кој е потребно многу внимание.

    „Со оглед на тоа што фотографиите не ги добиваме веднаш како на мобилен телефон, сметам дека и исчекувањето е она што е возбудливо во врска со овој процес“, забележува Рунчева.

    0 денари за винил и аналогна фотографија од државата

    Уникатната програма на „ЗРНО“ се чини „недоволна“ кога треба да се издвојат државни пари за нејзино реализирање. За првото издание тимот креираше интернет кампања за собирање средства. По два успешни фестивали, Алушевски смета дека немаат „лице“ пак да се финансираат на тој начин. Но, поддршката од Министерството за култура и натаму е многу мала.

    Минатата година на „Зрно“ присуствувале две светски имиња во фотографијата, и тоа со нивни оригинални аналогни дела. Покрај тоа имало и изложба на современи, модерни, актуелни и неповторливи дела кои се изработени во еден примерок, од автори од сите континенти кои ја вреднуваат програмата на „Зрно“. Но, фестивалот иако е препознаен како „проект од национален интерес во културата за 2024 година“, конкурсот кој го финансира Министерството за култура – како таков има тажна финансиска поддршка.

    „Срамно е да се напише поддршката која ја добивме. Да не зборуваме во цифри, понижувачки е, ама имаме скоро па доволно да платиме патни трошоци на менторите на работилниците, никако за материјали за работа, сместување, храна, опремување на изложби – годинава имаме навистина квалитетен тим на предавачи на работилниците, имиња познати во цел свет, ќе ни дојдат во Смилево, да го споделат она што го сакаат и знаат. Средствата се скоро исти како и првата година, но ако ништо друго, цените на материјалите се тројно поскапи“, вели Алушевски.

    За време на „Зрно“ фестивал 2023

    Ситуацијата не е поразлична ни со плочите. Настанот „Record Store Day“ во чија организација е Тошо Филиповски, добил 0 денари поддршка на последниот конкурс на Министерството. Минатата година, пак, Комисијата за музичка дејност во Министерството оцени дека „грамофонските плочи се застарени и нивната примена не е од пошироки размери“, па така не го поддржа проектот на Филиповски за издавање двоен албум: „Историја на македонскиот рокенрол – македонски панк/хк 1979-1994“ (History of Macedonian Rock’roll – Macedonian punk/hc) со необјавени снимки на 50-ина македонски бендови.

    По ваквата изјава лани, тој им однел негово издание, па вели има промени во тоа што сега на Комисијата ѝ е јасно како изгледа плоча. Но, статусот за неговите проекти е ист и оваа година – нема поддршка за издавање нови плочи.

    Изложба на македонска музика во Сараево годинава / фото: Тошо Филиповски

    „Иако, да бидам фер, видов дека се одобрени средства за 2 плочи ми се чини, на други издавачи. Тоа е мал исчекор од дупката во која сме. Но би наметнал и една друга тема за која не се зборува. Имаме издаваштво на книги кое е потпомогнато од државата,  во стотици изданија годишно….Огромно. Што е по мене супер. Многу млади автори добиваат можност да објават свој пишуван материјал. Е сега, музиката е исто уметност, автори создаваат, се вложуваат во делото, но годишната поддршка за објава на музички изданија (на било кој формат) е минимална…..10ина можеби, а можеби ни толку. Дискриминација како од учебник. За една културна гранка министерството се грижи, другата ја помножува со нула. Уште еден пример, данокот (ДДВ) за книги е 5% а за музички изданија 18%. Зошто вакви поделби? И до кога?“, прашува Филиповски.

    Од друга страна, љубителите на плочи и аналогни фотографии коментираат дека изборот на достапни плочи и апарати и филмови е ограничен во земјава.

    „Процесот може да биде едноставен ако имате фини и љубезни другари и другарки во дијаспората, што ви помагаат да избегнете нелогични царини и поштарини“, вели Индог и додава дека токму поради тоа се важни настаните како „Record Store Day“ и „Skopje Vinyl Convention“.

    Колекцијата на плочи што вторпат ја собира / фото: Индог, лична архива

    „Не само што им овозможуваат на љубителите да се вмрежат и да слушаат добра музика, туку и поттикнуваат оваа култура се повеќе и повеќе да се зацврсти, секако задоволство е и да набави некоја плоча. Кај љубителите на плочи, муабетот е: ‘Штом е издадено на плоча, значи ептен вреди’“, истакнува тој.

    Драган Трајчевски како опција за развивање и набавка на филмови го посочува фото-студиото Моби Арт Скопје, но и тој набавува од странство, главно преку пријатели или кога патува.

    Но, отежнатата достапност и не добивањето државни средства не ги спречува да се занимаваат со она што го сакаат – плочи и аналогни фотографии. Кога контактиравме со Тошо за текстов, тој ни откри дека е зафатен со нарачки и испорака на нови плочи, што влеа надеж на целиот муабет. Фестивалот „Зрно“ ќе „изрти“ и годинава и тоа со некои сосем нови работилници за алтернативни фотографски процеси и изложби на аналогни и алтернативни фотографии кои ќе допатуваат од Багдад, Хелсинки и Нови Сад до Демирхисарско Смилево.

    Ангела Бошкоска 

  • Fotografitë analoge janë sharmante edhe në erën digjitale

    Gjithnjë e më shumë video e madje edhe filma të tërë xhirohen me telefon celular. Celularët janë një ndër pajisjes kryesore përmes së cilëve dëgjohet muzikë që është e disponueshme në platformat digjitale si Youtube, Spotify, Bandkamp. Por, derisa bota dalëngadalë paketohet në kuti që e zen në xhep, në modë kthehen mënyrat e “vjetra” të fotografimit dhe dëgjimit të muzikës.

    Mbijetesa e fotografisë analoge dhe pllakave si përfaqësues të shekullit paraprak, në shekullin 21 pothuajse virtual, është fenomen botëror. Katër nga filmat e sivjetmë të nominuar për Oscar janë xhiruar në shiritin e filmit në “Kodak”. Para riaktualizimit të kamerave me film, ishin shumë të popullarizuar aparatet e vogla polaroid me fotografi instant të cilat janë të gatshme për disa minuta. U prodhuan modele të reja të kamerave polaroid me filma të cilat janë të disponueshme në gjithë botën.

    Njëkohësisht, në vend të CD-së e cila u shfaq në vitet e 80-ta si zëvendësim i pllakave dhe kasetave, sot preferohet dhe praktikohet dëgjimi i muzikës në gramafon. Statistika tregon se për herë të parë nga viti 1987 shitja e pllakave në vitin 2022 në ShBA ka tejkaluar shitjen e CD-ve. Ndërsa, shitja e pllakave në vitin 2023 është rritur për pothuajse 12% në krahasim me vitin 2022. Krahas gramafonave të vjetër dhe pllakave të cilat të rinjtë i nxorën nga bodrumet e prindërve, vazhdimisht publikohen pllaka me pjesë të reja muzikore dhe modele të reja të gramafonave, ndërsa këtu është edhe dëshira e muzikantëve që muzikën e tyre ta kenë me kopje të fortë – në formë të vinilit.

    Aparatet e filmit dhe vinilit në vitet e fundit përjetuar “comeback-un” e tyre edhe në vend. Si vërtetim për këtë mund të merren edhe dyqanet për aparate analoge dhe filma, të cilët ende mbijetojnë dhe ku zhvillohen filma, por edhe pllakat që mund të gjenden në gjithnjë e më shumë vende – për shembull në libraritë e mëdha. Kuptohet, këtu janë edhe artistët lokal të cilët bëjnë ekspozita të tëra me fotogradi analoge dhe publikojnë apo lëshojnë muzikë vetëm në vinil.

    Para vetëm disa muajve u publikua edhe “Pop kultura” – pllakë e cila bën regjistrimin e skenës pop më të re maqedonase. Këtu është edhe „Record Store Day“, ngjarje e cila tashmë për të shtatin vit bën bashkë botues dhe dashamir të pllakave. Në Maqedoni mbahet edhe „Skopje Vinyl Convention“ – ngjarje gjithashtu kushtuar adhuruesve të pllakave të gramafonit dhe muzikës.

    “Kjo kulturë çdoherë ka pasur fanatikë të cilët, pa dallim nëse është trend ose jo, ato kanë mbledhur pllaka”, thothë Gorna Kostovski Indog i cili selekton muzikë në pllaka edhe i dj edhe për podcastin e tij Celebrate life“. Pllakat kanë sharm, ndërsa natyra analoge i shtojnë tingullit një veçanti i cili, thotë Indog, nuk mund ta përjetonim në mënyrë digjitale.

    Foto: Leni Von Geleva

    “Si dizajner, kënaqësi ime e parë dhe më e rëndësishme është të shijoj dizajnin që ka bërë dikush për një album të caktuar dhe prej këtu edhe vëmendja e dëgjimit të vet pllakës. Para së gjithash ka edhe qëndrueshmëri. Në mënyrë digjitale e lëshon dhe zakonisht harron se dëgjon diçka, rrjedh pa ndalë. Edhe pse bota digjitale është e shkëlqyeshme dhe mund të dëgjosh çfarë të duash dhe të lëshosh me vetëm një klik, këtu nevojitet edhe vëmendja kur do të përfundojë pllaka, ta ndërrosh anën. Kërcitja dhe papërsosmëria e pllakës më së shpeshti kontribuojnë për dëgjim autentik, por edhe kur kam vepër fizike në dorë, më shumë e dua muzikën”, potencoi Indog.

    Për Tosho Filipovskin, muzikant, publicisht dhe arkivues i muzikës rok maqedonase, vinili është dokument i përhershëm që me fizikun e tij me kopertinë, inserti, siç thotë ai, “ofron edhe një (apo më shumë) opsione për shijim edhe me shqisa të tjera gjatë konsumimit të muzikës”.

    Sipas tij, entuziazmi për pllaka ekziston – ka disa dyqane të muzikës, të cilat thotë, fatkeqësisht janë vetëm në Shkup.

    “Te ne, sikurse edhe në shumë çështje të tjera, edhe blerja e muzikës përgjithësisht është në nivel shumë të ulët . CD-et kanë humbur prej kohësh çdo vlerë të tregut blerëse dhe muzika tash më një periudhë më të gjatë publikohet në platforma digjitale, pa bartës fizik të zërit. Pllakat morën një lloj hovi që para 10, 15 viteve por numrat e publikimeve që shiten (edhe vendore edhe të huaja) janë me të vërtetë simbolike, posaçërisht nëse merret për krahasim koha nga fundi i 80-tave dhe vitet e para nga 90-tat kur çdo amvisëri kishte gramafona dhe blinte muzikë dhe shijonte me muzikë… çfarëdo qoftë. Ato tirazhe janë të pakrahueshme me atë që ekziston tani, edhe në kushte botërore edhe në vendore. Edhe më keq është në këto kushte vendore”, thekson ajo.

    Si një ndjekës shumëvjeçar vigjilent i valëve muzikore te ne, thotë se është rritur edhe interesi për publikimin e muzikës vendore në vinile.

    “Por gjithë kjo është vetëm pasion te konsumatorët dhe pasion te bendet. Nuk ka biznes”, potencoi Filipovski.

    Në një kohë kur muzika mund të publikohet online dhe pothuajse falas, vinili shihet si opsion më i shtrenjtë. Filipovski vlerëson se, megjithatë është më e rëndësishme që muzika autoriale të konsumohet në sasi të pamatshme, pavarësisht se nga cili format buron. Ai thotë se, vetë publikimi në çfarëdo lloj bartësi të zërit, madje edhe në vinil, nuk mund të stimulojë në mënyrë direkte kreativitetin, por është satisfaksion kur vepra autoriale vendoset në bartës të zërit dhe bëhet e disponueshme për opinionin e gjerë.

    “Në një perspektivë të këtillë historike mendoj se mund të flitet se, publikimi i vinilit është stimulim shtesë për përsëritjen e aktit të krijimit për çdo autor të ri (por edhe më të moshuar), por megjithatë vet kreativitet varet nga faktor të tjerë, posaçërisht nga koha (rrethanat) në të cilat krijohet një vepër autoriale muzikore”, thekson publicisti.

    Foto: Tosho Filipovski

    “36 apo 24 poza”

    “Dragan Trajçevski është një entuziast i madh për fotografi, ndërsa nga fotoja e parë që ka bërë në mënyrë analoge në vitin 1988 shërbehet me këto procese deri më sot. Ai zbulon se ndonjëherë fotografon edhe me aparate digjitale, por edhe përkrah asaj “nuk heqë dorë nga fotografia analoge”.

    “Interesante me fotografinë analoge është ajo që kërkon angazhim të plotë dhe përkushtim, që të realizohet i gjithë procesi nga fotografimi deri në zhvillimin e filmit, posaçërisht nëse vendos që manualisht t’i zhvillosh filmat. Gjithashtu ofron mundësi të mëdha për eksperimentim me filma të ndryshëm nga prodhues të ndryshëm dhe rezultati që del si final në një fotografi”, thotë ai për Radio MOF-in.

    Foto: Dragan Trajchevski

    Rreth aparateve të filmit shpesh ka paragjykime se fotografimi “kufizohet” dhe atë më së shpeshti në 36 apo 24 poza. Për të kjo nuk është problem, sepse thotë “çdoherë mund të merren më shumë filma”.

    “Asnjëherë skam dalë nga shtëpia vetëm me një film. Nuk dua të lëshoj asnjë moment të mirë nga i cili do të mund të del në fotografi e mirë”, shton Trajçevski.

    Foto: Dragan Trajchevski

    Sasho Allushevski është një ndër themeluesit e festivalit ndërkombëtar për fotografi alternative “ZRNO” që këtë vit për herë të tretë do të mbahet në vend. Festivali, siç na ka thënë edhe paraprakisht ekipi, është i krijuar nga disa të dashuruar në procese të vjetra dhe fisnike të fotografisë, ndërsa me qëllim që të ndahet kënaqësia me njerëzit e gjithë botës.

    Në pyetjen “Pse festival të fotografisë analoge në erën digjitale?”, Allushevski përgjgijet: “Që të ngremë lartë skenën e vyshkur maqedonase të fotografisë e cila është zhytur në baltë që para 50 viteve, që t’i sjellim arritje e larta bashkëkohore të fotografisë në botë. Ta vendosim Maqedoninë në hartën progresive të kulturës në botë. Ndërsa thënë shkurt – për qejf”.

    Në festivalin për të cilin thotë me përgjegjësi se është i vetmi i llojit të tillë në botë, çdo vit ka nga disa pjesëmarrës nga Maqedonia, por shumica janë të huaj. Programi ofron disa punëtori standarde dhe disa të reja. Në thelb, thotë Sasho, gjithë ata janë të ashtuquajtur – procese fisnike të fotografisë.

    “Ajo që nuk e kanë fotografitë instante të fotografisë digjitale. Një univers plotësisht tjetër, shumë i madh, i cili as nuk mund t’u sqarohet atyre që fotografojnë vetëm në mënyrë digjitale”, sqaron ai.

    Foto: ZRNO

    Pjesëmarrëse në festivalin në vitin 2022 dhe 2023 ka qenë Ana Runçeva, fotografe e re fotografitë analoge të së cilës i kemi publikuar edhe të rubrikën për foto #НизТвојотОбјектив. Për të, procesi i zhvillimit të filmit është përjetim në vete.

    “Kam pasur rast të mësojë të zhvillojë manualisht film bardh e zi që ende e bëj në shtëpi. Kur shfrytëzohet një film, i njëjti mbështillet dhe nxirret nga kutia, vihet në një bobinë që shkon në një enë që nuk lëshon dritë. Me ndihmën e kimikateve për zhvillim të filmit zhvillohet dhe më pas thahet”, tregon fotografja e re.

    Për të fotografia analoge është mënyrë që të fitohet fotografi “për një kohë tjetër, kur fotografimi ka paraqitur proces pak më të gjatë për të cilin nevojitet shumë vëmendje.

    “Duke pasur parasysh se fotografitë nuk i fitojmë menjëherë sikur në telefonincelular, vlerëson se edhe pritja është ajo që është emocionuese në këtë proces”, thekson Runçeva.

    0 denar për vinil dhe fotografi analoge nga shteti

    Programi unikat i “ZRNO-s” duket “i pamjaftueshëm” kur duhet të ndahen para shtetërore për realizimin e tyre. Për edicionin e parë krijoi fushatë interneti për mbledhjen e mjeteve. Pas dy festivaleve të suksesshme, Allushevski vlerëson se nuk kanë “fytyrë” sërish të financohet në atë mënyrë. Por, mbështetja nga Ministria e Kulturës edhe më tej është shumë e vogël.

    Vitin e kaluar në “Zrno” kanë marrë pjesë dy emra botërorë të fotografisë, edhe atë me vepra të tyre origjinale analogë. Krahas kësaj ka pasur edhe ekspozitë të veprave bashkëkohore, moderne, aktuale dhe të papërsëritshme që janë përgatitur në një kopje, nga autorë nga të gjitha kontinentet që vlerësojnë programin e “Zrno-s”. Por, festivali edhe pse njihet si “projekt me interes nacional në kulturë për vitin 2024”, konkursi që e financon Ministria e Kulturës – si i tillë ka një mbështetje financiare të trishtë.

     

    “Është e turpshme të shkruajmë mbështetjen që e marrim. Të mos flasim me shifra, është përçmuese, por kemi pothuajse mjaftueshëm t’u paguajmë harxhime rruge mentorëve të punëtorisë, në asnjë mënyrë për materialet për punë, qëndrim, ushqime, pajisjen e ekspozitave – këtë vit kemi me të vërtetë ekip cilësore të ligjëruesve në punëtori, emra të njohur në gjithë botës, do të na vijnë në Smilevë, ta ndajnë atë që e duan dhe dinë. Mjetet janë pothuajse të njëjta si vitin e parë, por nëse asgjë tjetër, çmimet e materialeve janë trefish më të larta”, thotë Allushevski.

    Situata nuk është më e ndryshme as me pllakat. Ngjarja „Record Store Day“ në organizim të së cilës është Tosho Filipovski, ka marrë 0 denar mbështetje në konkursin e fundit të Ministrisë. Vitin e kaluar, komisioni për veprimtari muzikore në ministri vlerësoi se, “pllakat e gramafonit janë vjetëruar dhe zbatimi i tyre është në përmasa më të gjëra”, kështu që nuk e mbështeti projektin e Filipovskit për botimin e albumit të dyfisht: “Historia e rokënrolit maqedonas – punk-i maqedonas/hk 1979 – 1994 (History of Macedonian Rock’roll – Macedonian punk/hc) me xhirime të papublikuar të viteve 50-ta të bendeve maqedonase.

    Pas deklaratës së këtillë vitin e kaluar, ai u ka dërguar botimin e tij dhe thotë se ka ndryshim në atë që tani komisioni e ka të qartë si duket pllaka. Por, statusi për projektet e tilla është i njëjtë dhe këtë vit – nuk ka mbështetje për botimin e pllakave të reja.

    Foto: Tosho Filipovski

    “Edhe pse të jem fer, kam parë se janë miratuar mjete për 2 pllaka më duket, për botues të tjerë. Ky është një hap i vogël nga vrima në të cilën ndodhem. Por, do të imponoja edhe një temë tjetër për të cilën nuk flitet. Kemi botim të librave që ndihmohet nga shteti, në qindra botime në vjet… mbështetje shumë të madhe. Që për mua është super. Shumë autorë të rinj fitojnë mundësi të publikojnë materialin e tyre të shkruar. Tani, muzika është po ashtu art, autorët krijojnë, investohet në vepra, por mbështetja vjetore për publikim të botimeve muzikore (në çfarëdo lloj formati) është minimal… dhjetëra ndoshta, por ndoshta as aq. Diskriminimi si për çdo tekst shkollor. Për një degë kulturore ministria kujdese, tjetrën e shumëzon me zero. Edhe një shembull, tatimi (TVSH) për libra është 5% ndërsa për botimet muzikore 18%. Pse ndarje të këtilla? Dhe deri kur?”, pyet Filipovski.

    Nga ana tjetër adhuruesit e pllakave dhe fotografive analoge komentojnë se zgjedhja e pllakave të disponueshme dhe aparateve dhe filmave është i kufizuar në vend.

    “Procesi mund të jetë i thjeshtë nëse keni shokë dhe shoqe të mira dhe të sjellshme në diasporë, që ju ndihmojmë t’i shmangeni doganat e palogjikshme dhe tarifat postare”, thotë Indog dhe shton se, pikërisht për këtë janë të rëndësishme ngjarjet si „Record Store Day“ dhe „Skopje Vinyl Convention“.

    Foto: Indog

    “Jo vetëm që u mundësojnë adhuruesve të krijojnë rrjet dhe të dëgjojnë muzikë të mirë, por edhe nxisin që kjo kulturë të përforcohet gjithnjë e më shumë, kuptohet është edhe kënaqësi të furnizosh ndonjë pllakë. Tek adhuruesit e pllakave, çështja është: “Meqë është e botuar në pllakë, do të thotë vlen shumë”, thekson ai.

    Dragan Trajçevski si opsion për zhvillimin dhe furnizimin e filmave e thekson foto – studion  Mobi Art Shkup, por edhe ai furnizohet nga jashtë, kryesisht përmes shokëve apo kur udhëton/

    Por, qasja e vështirë dhe mos marrja e mjeteve shtetërore nuk i pengon që të merren me atë që e duan – pllaka dhe fotografi analoge. Kur kontaktuam me Toshon për këtë tekst, ai na zbuloi se është i zënë me porosi dhe dërgesa të pllakave të reja, që kanë lindur shpresë për gjithë çështjen. Festivali “Zrno” do të mbahet edhe këtë vit edhe atë me disa punëtori krejtësisht të reja për procese alternative të fotografisë dhe ekspozitë të fotografive analoge dhe alternative të cilat do të udhëtojnë nga Bagdadi, Helsinki dhe Novi Sadi deri në Smilevën e Demir Hisarit.

    Angela Boshkoska