„Андалузиски пес“ во режија на Луис Буњуел во вторник (10 септември) ќе го отвори четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм во Кинотека на Македонија.
Проекцијата на филмот има музичка придружба во изведба на пијанистот Милош Станојевиќ, еминентен српски пијанист и добитник на повеќе награди на државни натпревари во Србија.
„Андалузиски пес“ е едно од највлијателните дела во историјата на кинематографијата.
Една од најиконичните сцени во историјата на киното – кога млад човек сече око со брич, паралелно со слика на облак што „сече“ Месечина, со која почнува филмот, е пример за иновативност и креативност, бидејќи „Андалузиски пес“ не е само филм, туку искуство кое продолжува да инспирира и кое и денес останува актуелно и провокативно“, велат од Кинотека..
Провокација, креативност и иновативност, најавуваат оттаму, не им недостига ниту на останатите автори чии дела од француската, германската, литванската и шпанската кинематографија ќе може да се проследат на Фестивалот до 16 септември.
Реализацијата на Фестивалот на нема и класичен филм е поддржана од Амбасадата на Шпанија во Македонија, од српскиот културен центар во Скопје – „Спона“, Гете-институт Скопје, ФАМЕ’С Институт.