-
Го паметам крајот на февруари во Лондон по тоа што конечно сите успеавме да здивнеме од непрестајни дискусии околу Брегзит. Ете, конечно, си помислив, мирен период по бурата, да се среди малку државата. Наместо тоа, Велика Британија влезе од една во друга криза инстантно и драстично. Толку драстично, што никој не ни зборува за Брегзит повеќе. Целата држава ги остави несогласувањата на страна со цел обединување во најголемата криза по Втората светска војна.
Една од најстарите демократии во светот не го потценува гласот на младите во процесот на носење одлуки и политики. Младите во Велика Британија имаат свој Младински парламент кој секоја година има завршна дебата во Вестминстер, каде и парламентот на Велика Британија има редовни седници, и каде парламентарците и целата држава имаат шанса да ја следат во живо. Младинската седница се одржува за време на отворени денови на собранието што дополнително укажува на отвореноста на Вестминстер за слушање на гласот на младите во дебати кои ги засегаат.
Иако Македонија е можеби далеку од креирање на свое Младинско собрание, на неколку наврати успеавме да одржиме внатрешни собранија и настани во официјалната зграда на Македонското Собрание со Националниот Младински Совет на Македонија. Ваквата практика треба да се продолжи бидејќи тоа укажува на отвореноста на Собранието како зграда но и како процес кој се стреми да е блиску до граѓаните.
Во последниве неколку години еден вид на соработки помеѓу млади и носители на одлуки е доста популарен во Велика Британија – а тоа е основањето младински форуми со различни институции, како мини-дијалози каде младинскиот глас може да биде чуен и земен в предвид при носење на одлуки. Па така постои младински форум со Националниот здравствен систем, каде мислењето на младите е земено в предвид при креирање здравствени политики, и преку оваа соработка младите подигаат свест за феноменот на менталното здравје. Сличен форум постои со Народната банка на Велика Британија, каде младите имаат шанса да дадат придонес за тоа каде е иднината на парите како концепт, и да обелоденат предизвици кои тие ги имаат со менаџирање на своите пари. И конечно, ваквата сорабтка е исто и регионална, каде што постои форум за соработка помеѓу младите од Република Ирска и Велика Британија – слично на нашата Регионална канцеларија за соработка на младите од регионот – РИКО.
Моменталната ситуација за младите во Обединетото Кралство не е многу различна од аспект на можности за учевство и платформи за споделување на мислење и влијание на тематики кои ги интересираат. Исто така има огромна креативност и иницијативи кон наоѓање нови начини на работа со млади луѓе, но и огромна доза на реалност каде што сите се веќе малтене соочени со фактот дека ситуацијата може да остане ваква во Велика Британија до крајот на 2020та година. Препознатливо за Британците е оној став на оптимизам и намалена смисла на итност со цел нормализирање на новонастанатата ситуација и изнаоѓање нови модалитети како животот би продолжил.
Младите во Велика Британија работат доста активно на менталното здравје, и тоа преку соработката со националниот здравствен систем. Уште на почетокот на пандемијата, младите спонтано се вклучија во една така наречена „Виножито капања“, каде што сите прозорци беа излепени од внатре со нацртани виножита кои се заблагодаруваа на сите здравствени работници.
Дополнително, младите се моментално во преговори за започнување кампања каде што ќе подигаат свест за некои од проблемите со кои се соочуваат за време на пандемијата, посебно околу личната хигиена и металното здравје, кои ќе бидат проследени директно преку каналите за комуникација на националното здравство.
Многу брзо по донесената одлука за карантин во Велика Британија, Националниот здравствен систем креираше координирана платформа за млади волонтери кои се во состојба да помогнат како доставувачи, како возачи, за набавување на намирници на постарите и оние кои не се во состојба, како и само за разговор по телефон со оние кои чувствуваат анксиозност заради неизвесноста на ситуацијата. Јас се пријавив за некои од активностите и на неколку наврати нѐ повикаа да разговараме со постари луѓе кои беа осамени и исплашени од целата ситуација. Ова е супер можност за солидарност и алтруизам и користење на ресурси во општеството со цел поддршка на оние на кои највеќе им треба.
Моментално Британскиот младински совет води иницијатива која бара од премиерот Борис Џонсон да одржи конференција за деца и млади луѓе каде специфично ќе одговара на нивни прашања и проблематики, слично на онаа што беше одржана во Финска и Норвешка.
Младинските работници веднаш по настанувањето на пандемијата оформија заедничка алијанса чија цел е нудење помош на владата со давање информации за како младите се погодени од кризата и идеи за подобрување на истата.
Лондон секогаш патеше од слаби меѓусоседски односи заради неговата големина, брзина и населеност. За време на пандемијата со рестриктивното движење, многу невладини го искористија овој момент да промовираат кампањи кои ќе ги подобрат соседските односи и ќе креираат култура која ќе стимулира добри соседски односи и по карантинот.
Секоја држава се справува различно со пандемијата и понекогаш мерките се производ на културниот статус кво во државата. Она што е за пофалба во Велика Британија е оптимизмот и поддршката понудена на младите за справување со кризата, како и заеднички насочената енергија кон нудење на конструктуивна помош и поддршка онаму каде што е најмногу потребна.
Од Лондон за Радио МОФ пишува Андреа Угриноска, заседавач на Комитетот на млади при Советот на Европа
-
Young people in the UK are actively included in navigating the pandemic
The end of February in London was marked by a sigh of relief for not having to exhaust all our debating energy on Brexit anymore. I thought to myself – finally! The calm after the storms this country has gone through. But instead, the UK entered from one crisis into another, instantly and drastically. So drastically, that no one speaks about Brexit anymore. The whole country left its disagreements on the side, with an attempt to unite ahead of the biggest crisis after the Second World War.
One of the oldest democracies in the world would not dare to undermine the voices of its young people when making decisions. Young people in the UK have their own youth parliament that culminates with a debate in Westminster each year which all MPs and decision-makers watch and participate in. The sitting takes place one day during the Open Days week of Westminster, therefore opening up the debate to citizens as well.
Even though Macedonia is far from creating its own youth parliament, a few times we managed to hold internal general assemblies with the National Youth Council of Macedonia inside the parliament building – this practice should continue as much as possible as it speaks about the openness of the parliament as a building, but also as a process which aims to get closer and closer to the citizens it represents.
In the last few years, one specific type of cooperation between youth and decision making is very popular in the United Kingdom, namely the creation of forums with relevant institutions, which enable ongoing dialogue on the issues which matter. They represent like mini forums where the youth voice can be channelled and taken into consideration for important decisions. As such, one of this forums is in cooperation with the NHS, allowing young people to feed directly in the health systems, ensuring they are not discriminated against for certain services. Similarly, there is such а forum with the Bank of England, where young people have a chance to contribute to the conversation on the future of money, shedding light on some of the challenges they face related to financial management. Finally, this cooperation can also be regional, where in the UK we’re currently setting up a British-Irish Youth Forum, similar to the already existing Regional Youth Cooperation Office we have in Macedonia.
The current situation for young people in the UK is very different in terms of opportunities to participate and a platform to share opinions and influence themes which are of their interest. There’s also a huge amount of creativity and finding new interesting ways to work with young people, but also a huge amount of realness, knowing that this crisis may go on until the end of 2020. It’s a quite recognisable British behaviour – being optimistic and deescalating the situation, looking for ways that will enable life to continue again.
Youth in the UK work very actively on mental health, by cooperating with the national health system. Since the beginning of the pandemic, young people have been granted their own campaign with the NHS, to speak and raise awareness of the issues young people face related to their mental health during the pandemic, that will be shared through the NHS main communications channels.
Right after the quarantine decision, the NHS created a coordinated platform for young volunteers which are in a position to help with delivery, driving, providing essential subsistence, as well as offering just a simple chat on the phone with the most vulnerable, to cheer up their mood. I signed up as a volunteer and a I was called in a few times to speak to an elderly person who was suffering mental disturbances due to the situation. This was a win-win setting, as it allowed of altruism and philanthropy to be channelled in times of urgent need.
At the current moment, the National Youth Council of the UK is leading an initiative asking the current government to organise a youth specific conference, where the current prime minister Boris Johnson would answer questions only to and from young people, similar to what we saw happening in Finland and Norway.
The youth workers of the UK organised right after the announcement of the quarantine, forming an alliance which had the purpose of supporting the youth policy work of the government regarding data of how youth are suffering this crisis.
London was always a victim of weak inter-neighbour relations due to its size, speed and population. However, with freedom of movement restricted during the pandemic, lots of charities used the opportunity to promote campaigns aimed at improving neighbour relations and will create a culture which will stimulate positive neighbourhood relations.
Each country conducts different measures related to the pandemic, and sometimes some of those measures are culturally sensitive. What’s impressive in the UK is the optimism and support offered to young people to help them deal with the crisis.