Изложбата „Ангел на Фреквенцијата“ на уметницата и физичарка Дафина Шекутковска ќе се отвори на 5 ноември во 20 часот во Мобилна галерија, Парк на франкофонија. Таа претставува екпериментална вежба на откривање.
„Истражување на влијанието на убедувањето на поединецот во даден момент на t, како и моќта на науката и уметноста за донесување на добри, позитивни промени во општеството“, вели Шекутковска за изложбата.
„Ангел на Фреквенцијата“ се состои од временска машина, дела во мешана техника/жанр, скулптури, инсталации и фотографии. Додека, едно незначително мало делче е посветено на „змијовидните ѓаволи“ и „безглавите муви“.
„Кои се вредностите и како капитализмот не оддалечи? Зошто е од суштинска, витална важност за самиот живот како највисока вредност, да го сочуваме нашето во повеќе слоеви на смисла? Заедништво и размена на добра, наместо другата, радикална страна на злото. Насоките од поранешната симбиоза на природата и технологијата, и ограничувањата на денешната. Што е бесконечност а што не е? Зошто Скопје и други градови од државата не беа бомбардирани во овој век?“, прашува таа.
Изложбата ќе трае до 13 ноември.