Ангела Мијаковска и Невена Трајкоска од тимот „Коцките“ победнички на Националниот студентски дебатен турнир

Ангела Мијаковска и Невена Трајковска од тимот „Коцките“ се победнички на овогодишниот Националниот студентски дебатен турнир кој се одржа викендов во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ). Истовремено, Емир Хасанаговски, Димитар Анакиев и Ева Ѓорѓевиќ се прогласени за најдобри говорници на турнирот.

На турнирот кој се одржа на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје учествуваа 20 тима кои аргументирано се изразуваа, критички размислуваа и јавно говореа на актуелни теми и тези што ги засегаат младите – образованието, менталното здравје, политичката и општествена ангажираност и генерално нивната вклученост во општеството.

Турнирот се состоеше од 4 прелиминарни рунди, полуфинале и финале, а студентите дебатираа во форматот Британска парламентарна дебата.  Тезата која ја бранеа финалистите гласеше: „Овој дом би го вовел правото на вето од страна на студентските претставништва/собранија за работи како што се универзитетскиот буџет, вработување/отпуштање професори и наставна програма“.

фото: МОФ

Овогодинешната дебатна авантура, МОФ ја организираше во парнерство со Центар за студентска дебата на Правниот факултет „Јустинијан Први“, а турнирот е дел од проектот „Практикувај демократија“, реализиран од МОФ во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер, финансиран од Британската амбасада во Скопје.