Пластиката за еднократна употреба, вклучувајќи пластичен прибор и чаши ќе бидат забранети во Англија, пренесува „Гардијан“.
Тереза Кофи, секретарката за животна средина ги најави плановите за замена на пластиката за еднократна употреба со биоразградливи алтернативи. Мерката се очекува да се воведе наредниот месец.
И Шкотска и Велш веќе работат на слични решенија.
Англискиот сектор за животна средина, храна и рурален развој, одржа јавна консултација за планот со кој се забранува пластика за еднократна употреба и пластика за пакување на храна.
Пластичните чинии за еднократна употреба, приборот за јадење, стапчињата за балони и чашите од пластика ќе бидат исфрлени од употреба со цел да се намали загадувањето.
Британските власти веќе ги забранија пластичните цефки за еднократна употреба, мешалките и стапчиња за уши во 2020 година.