Новите додадени зборови го означуваат корејскиот културен бран и интересот за корејска култура, храна, мода и забава кои ја поплави земјата, пренесува „Гардијан“.
Тоа е причината поради која Оксфордскиот англиски речник во своето ново издание додаде 20 зборови со корејско потекло.
„Дефинитивниот збир на англискот јазик“ вклучи зборови кои го опишуваат популарниот интерес за јужнокорејската музика и кујна, но и зборови чии корени не толку очигледно се поврзуваат со јужнокорејскиот јазик.
Префиксот „К“ е сè почест, што е очекувано во време кога многу луѓе надвор од Јужна Кореја слушаат К-поп (корејска поп музика), гледаат К-серии (корејски серии) или користат К-производи за убавина. „К-поп“ како збор беше воведен во речникот во 2016 година.
Меѓу додадените зборови е „халју“ – оригинален корејски збор кој го опишува интересот кој придонесе корејската група „БТС“ да стане глобално популарна, а корејската серија “Squid Game“ да стане „Нетфликс“ сензација за 2021 година.
„Тоа е збор кој го опишува растечкиот интернационален интерес за Јужна Кореја и нејзината популарна култура репрезентирана преку глобалниот успех на јужнокорејската музика, филм, телевизија, мода и храна“, се вели во речникот, каде е додадено дека зборот се користи како себеименување на јужнокорејската популарна култура и забава.
Но, според новите додадени зборови во речникот, има зборови посветени на корејската кујна, која е далеку поразновидна од кимчи, што како збор беше забележан во речникот во 1976 година. Новите зборови за храна ги опфаќаат јадењата „булгоги“, односно тенко сечено свинско или говедско месо и „чма“ – корејско печено пиле со пиво.
„Ајгјо“ е еден од ново воведените зборови во Оксфордскиот речник, а означува определен вид на сладок шарм кој е карактеристично корејски, а е сличен со јапонскиот збор „каваи“. Зборот е вклучен и како именка и како придавка. Во речникот е внесен и „мукбенг“, збор кој ги опишува стримовите во живо на кои определени лица јадат огромна количина на храна пред онлајн публика.
Според речникот, инклузијата на новите корејски зборови претставува препознавање на смената во јазичните струи надвор од англискиот свет.
„Прифаќањето и развојот на овие корејски зборови во англискиот јазик демонстрира колку лексичката иновација не се утврдува само во традиционалните англиски и американски центри. Овој потег покажува како Азијците во различни делови од контитентот иновираат и разменуваат зборови од нивниот локален контекст, а потоа ги споделуваат англискиот свет, со што се овозможува корејскиот бран да продолжи да го бранува морето од англиски зборови“, велат оттаму.