Здружението Анима Мунди денеска информираше дека поднело Претставка за според нив, повикот за директен линч врз бездомните животни во Општина Аеродром, која според нивни проценки и пријави добиени од граѓаните важи за општина со најсуров третман на бездомните животни.
„Со оваа Преставка се обраќаме до Агенцијата за храна и ветеринарство како надлежен орган за благосостојбата на животните, но особено за правилна примена на Законот за заштита и благосостојба на животните. Имено на ден 15.07.2015 г на Фесјбујк страницата на општина Аеродром e истакнат Апел за пријавување на опасни кучиња со следнава содржина : „Апел – Пријавувајте опасни кучиња! Општина Аеродром апелира до граѓаните доколку забележат опасни или агресивни кучиња-скитници да ги пријават на општинската фан-страница на фејсбук, по што ќе се интервенира до шинтерската служба за нивно заловување.“ Во пријавата, која треба да се испрати во порака на фан-страницата на Општина Аеродром, треба да стои локацијата на која е забележано кучето, а пожелно е во прилог да се испрати и негова фотографија.
Вака срочениот апел според нас е директен повик за линч на уличните животни, бидејки според Закон за заштита и благосостојба на животните е јасно утврдено што е опасно куче и каков е начинот на понатамошно постапување со него, додека пак субјективниот став на поединци кои не се компетентни да утврдат дали станува збор за опасно куче или не, сметаме дека ќе биде основа за голем број субјективни телефонски повици до Вардариште и со тоа на еден начин легализирање на неоправданоста на постапката со која повеќе пати годишно се заловуваат исти, веќе третирани кучиња“, велат од ова здружение.
Според Анима Мунди, Општина Аеродром не е таа која проценува и суди кое куче е опасно или не е, и не смее на ваков начин да се додворува на граѓаните кои не сакаат животни – а кои во општината се малубројни, за што говорат и бројните коментари под објавата на општина Аеродром.
„Поради ова, бараме да биде извршен итен инспекциски надзор и да се утврди кои кучиња се заловени, дали истите се претходно третирани, дали и како се утврдува агресивноста во секој случај поединечно, дали согласно Правилникот се почитуваат роковите за нивно чување, условите во кои се чуваат, третманот и најважно од се, дали се враќаат потоа на истата локација“, велат од Анима Мунди.