„Загреани сте за „Нихон-џи 2.0“? Веруваме дека сте, ама веруваме и дека не сте доволно загрени! Може појако! Затоа ви припремивме нешто во кое сигурно ќе уживате комплетно, со сите сетила!“.
Вака организаторите на фестивалот за јапонска култура „Нихон-Џи“, Јапан@мк ја најавуваат предфестивалската „Anime Rave Party“, која ќе е одржи во „Јавна соба на 20 мај (сабота) од 20:30 часот.
„Ќе се ‘откостиме’ од денсање, забава и дружење на електронска музика со аниме семплови од познати хитови на секој аниме фан, припремена од Stefan Strange и Melani Digit. Ова е една одлична, забавна и слатка шанса да го промовираме настанот, а и шанса на заедницата да го помогне остварувањето на единствениот фестивал на јапонска култура кај нас!“, стои во најавата.
Од Јапан@mk велат дека забавата е од добротворна природа, и средствата ќе одат директно кон потребите за реализирање на големото случување на 27 мај.
„Цената на билетите изнесува 200 ден. Тие можат да се купат на врата во ‘Јавна соба’, соопштува организаторот.