Помина речиси една година откако четвртиот извршен директор на Нинтендо, Сатору Ивата, почина на возраст од 55 години. Тој ја прослави компанијата со своите изуми и франшизи на игри, како Mario и иконичните конзоли и управувачи.
Вчера, на Game Developers Choice наградите во негов спомен беше објавен краток анимиран филм, во кој се прикажани некои од најголемите иновации на Ивата.
Видеото е пригодно, бидејќи го слави неговото наследство како креативен гениј, бестрашен лидер, и најважно од сѐ, гејмер во срцето, пишува The Next Web.