Пред речиси една недела, Град Скопје се пофали со новиот градски парк „Ибни Пајко“. Се наоѓа кај некогашното Пајко Маало зад Националната филхармонија и се протега на речиси 11 илјади квадратни мерки. Паркот е замена за досегашниот неуреден и див паркинг.
Овој потег нè поттикна да направиме мини-анкета меѓу нашите Инстаграм следбеници и да ги прашаме – Која друга површина во Скопје треба да прерасне во парк?
Ова се најчестите одговори што ги добивме:
- Паркингот спроти „Холидеј Ин“
- Скопскиот плоштад
- Просторот кај зградата на ВМРО-ДПМНЕ
- Површината во близина на СУГС „Димитар Влахов“
- Јужен булевар
- Тревникот кај Олимписки базен
- Слободните површини во населбата Расадник
- Кај поранешната фабрика „Треска“
Кој е вашиот предлог за нов парк?