Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата започна со реализација на анкетно истражување за велосипедистите. Анкетниот прашалник содржи неколку прашања кои што треба да ги утврдат навиките, прашања и проблемите на велосипедистите во Скопје.
„Идејата ни е преку ова истражување да утврдиме колку често во Скопје се употребува велосипед и за кои цели се прави тоа. Освен тоа, сакаме да видиме кои се проблемите со кои се соочуваат велосипедистите и што треба да се направи за да се променат тие“, велат од РСБСП.
Анкетата ќе трае три недели и истата може да се види и пополни ОВДЕ.