Бројни анти-воени протести се одржаа вчера ширум светот откако Русија ја нападна Украина. На протестите во Русија, според последните информации на организацијата „ОВД“ биле уапсени 1.823 лица во 58 градови.
Security forces in Russia have broken up anti-war protests in several cities across the country after Russian troops launched a full-scale invasion of Ukraine. pic.twitter.com/ZTceDscdfB
— Radio Free Europe/Radio Liberty (@RFERL) February 24, 2022
People attend an anti-war protest in Saint Petersburg, Russia, amid Vladimir Putin’s invasion of Ukraine.
LIVE UPDATES: https://t.co/rxHToef8pN pic.twitter.com/qetjJqGPOb
— ABC News (@ABC) February 24, 2022
#Ukraine 🇺🇦: anti-war protests are growing tonight in #StPetersburg (🇷🇺). pic.twitter.com/J4FT2HK4Wr
— Thomas van Linge (@ThomasVLinge) February 24, 2022
Police are detaining anti-war protesters in Moscow, after Russia launched a major military offensive in Ukraine.
Protests reportedly broke out in several cities, with police “arresting everyone.” Authorities warned of criminal prosecution against protesters for “public order.” pic.twitter.com/lNmJ2SBBVU
— AJ+ (@ajplus) February 24, 2022
Украинската дијаспора во Токио организираше протести на улиците поради нападите. Пред рускиот конзулат во Истанбул исто така се одржа протест, каде беше побарано да се забранат руските бродови од теснецот што го поврзува Црното Море со Средоземното Море, јавува „Дојче веле“.
Група демонстранти се собра и пред руската амбасада во Мадрид. Премиерот Педро Санчез рече дека неговата земја „ќе го брани меѓународното право и ќе покаже солидарност со населението погодено од војната. Демонстранти се собраа и на улиците пред Брандербуршката порта во Берлин.
Protest in front of the German chancellery in #Berlin. People are asking for strong sanctions against #Russia and solidarity with #Ukraine pic.twitter.com/eyYF9UqiIS
— Thomas Sparrow (@Thomas_Sparrow) February 24, 2022
Руската инвазија беше осудена и на Вацлавскиот плоштад во Прага.
Protesty proti invazi, Praha 24.2. 2022 🇺🇦 https://t.co/Da33q9wvQd @RESPEKT_CZ pic.twitter.com/chnDNURUAe
— Milan Jaroš (@_milan_jaros) February 24, 2022
Во меѓувреме, медиумите наведуваат дека протести се организирани и во Франција, Холандија, Кипар, Норвешка, Шведска и Италија.
Protesters wave Ukrainian flags as Ukrainian and French citizens rally at Republique Square to show their support to Ukraine after the Russian’s invasion in Paris, France, 24 February 2022. 📸 epa / Christophe Petit Tesson #Russia #Ukraine #protests #conflict #Paris pic.twitter.com/5sdn1VxrXk
— european pressphoto agency (@epaphotos) February 24, 2022
„Балкан инсајт“ пренесе дека протести се одржаа и во регионов. Протестни собири беа организирани во Белград, пред руската амбасада, како и во Тирана. Истовремено, протест беше одржан и во Приштина, организиран од Косовската група за феминистичка акција. „Радио Слободна Европа“ вчера јави дека десетици украински државјани одржале протест во Подгорица.
Citizens of Serbia also protested the invasion of #Ukraine in front of the Russian embassy in Belgrade. pic.twitter.com/NFze4JINiy
— Balkan Insight (@BalkanInsight) February 24, 2022
За денеска е најавен протест и во Скопје кој треба да почне во 14 часот и 30 минути на плоштадот Македонија. Протестот кој го организира украинската дијаспора во земјава е најавено подоцна да продолжи и кон Амбасадата на Русија.