Во античкиот Марс постоела средина способна да засолни подземен свет составен од микроорганизми, откриваат француски научници.
Сепак, во студијата објавена вчера, стои дека доколку постоеле ваквите едноставни структури, тие директно би влијаеле врз составот на атмосферата толку длабоко што би предизвикало создавање на марсовско ледено доба.
„Животот, дури и едноставниот живот на микробите може да предизвика пропаст на сопствениот вид. Резултатите се малку мрачни, но истовремено мислам дека се и стимулирачки. Нѐ предизвикуваат да го преиспитаме начинот на кој биосферата и нејзината планета комуницираат“, изјавил Борис Сотери, водечкиот автор на студијата.
Научниците изјавиле дека при истражувањето користеле климатски и теренски модели за да ја проценат способноста за живеење на кората на Марс пред 4 милијарди години, периодот во кој, како што се претпоставува, Марс бил полн со вода и со подобри услови за живот од денес.
Тимот претпоставува дека тогашните микроби што се хранеле со водород и произведувале метан можеби цветале во нечистотија на десетици центиметри под површината, што било повеќе од доволно за да ги заштити од силното дојдовно зрачење. Според Сотори, овие организми веројатно е дека овиеорганисми биле населени насекаде по површината на Марс, освен во деловите каде што немало мраз, што е слично на микроорганизмите што ја населувале Земјата.
Сепак, според наодите, веројатно е дека големите количества водород што се исцедиле од тенката атмосфера составена јаглерод диоксид ја загрозиле влажната и топла клима на Марс. Температурите оттогаш, до денес се паднати за 200 степени целзиусови, што според научниците направило микробите да навлезат уште подлабоко во површината во обид да преживеат.
Спротивно на тоа, за микробите на Земјата, истражувачите велат дека потпомогнале во одржувањето на умерените услови за живот, со оглед на тоа што атмосферата е полна со азот.