Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) соопшти дека внимателно го следи процесот на именувања на вршители на должност (в.д.) директори во неколку државни институции и дека ќе го испита секој случај поединечно со цел да утврди дали именувањата се во согласност со законските прописи и дали тие се предвидени и дозволени.
Доколку се утврди дека именувањата се спротивни на законските прописи, ДКСК најави дека преземе соодветни мерки и ќе поведе постапки по сопствена иницијатива.
„Комисијата се залага за обезбедување на законитост и транспарентност во процесот на именувања и назначувања во државните институции. Целта на овие проверки е да се осигура дека секое именување е направено во согласност со важечките закони, и дека нема злоупотреба на функцијата за лични или политички интереси“, посочија од ДКСК.
Комисијата, како што посочија, ќе продолжи со мониторингот и со својата работа ќе придонесува за одржување на интегритетот и довербата во институциите од јавниот сектор.