Анушка Шанкар, „Ondatrópica“ и Горан Трајковски на 12-от „Оff-фест“

Анушка Шанкар, „Ondatrópica“ и Горан Трајковски на 12-от „Оff-фест“ Организаторите на 12 издание на „OFF-фест“, кој ќе се одржи од 1 до 6 јуни ја објавија комплетната програма.

Индиската музичарка Анушка Шанкар, ќерка на починатата легенда на ситарот, Рави Шанкар и една од водечките личности во ткн. „светска музика“ (world music) денес, која ќе настапи на отворањето, без сомнение е ѕвездата на годинашното издание на фестивалот.

Но, на „OFF- фест“ доаѓаат и турските мајстори „Taksim trio“, како и меѓународно реномираните: словенечкиот пејач Brina и мароканско – сенегалскиот секстет „University of Gnawa“ предводен од Азиз Самауи. Ќе настапи и извонредната група од Колумбија „Ondatrópica“, револуционерниот фински хармоникашот Kimmo Pohjonen, кој веќе има настапувано на Скопскиот џез фестивал и групата од Јужна Кореја, „Тори ансамбл“.

Од Македонија, ќе настапат Горан Трајковски и Елена Христова со нивниот проект насловен „Биоскопија“

 

Извор: Нова ТВ