Преку апликацијата „мЗаедница“ граѓаните на Карпош преку телефон можат да пријават проблеми и состојби во јавната средина, да комуницираат со локалната самоуправа и влијаат врз активностите на Општината.
Се работи за интерактивна платформа, составена од веб страница и мобилна апликација, а граѓаните можат со клик и фотка можат да се вклучат за преземање акции за поквалитетен живот во Карпош.
Односно, да реагираат за проблемите кои сметат дека општината треба да ги реши, да предложат идеја, покренат иницијатива, дадат поддршка на други предлози/идеи кои сметаат дека треба да се реазлизираат.
Апликацијата „мЗаедница“ е дел од проектот „Вклучена младина за м-партиципација“ кој е поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, а го реализира Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21.