Apple инвестира во производство на електрични автомобили

Според извештај на „ The Wall Street Journal“, компанијата Apple вклучи стотици вработени во проектот насловен „Титан“. Се уште не се познати долгорочните намери на компанијата, но навлегувањето во бизнисот на автомобилската индустрија претставува голем скок, дури и за компанија која веќе се пресели од компјутери на мобилни телефони.

Досега е познато дека Apple, работи на електричен автомобил кој ќе ја покаже својата технологија на самоуправување и е многу веројатно дека овој концепт ќе биде дизајниран од Mark Newson.

Познатиот дизајнир се приклучи во компанијата минатата година. Тој го дизајнираше концептот за Ford 021C и се мисли дека овој концепт претставува еден од највлијателните во изминатите две децении. Newson исто така, има работено на дизајнот на iPad and iPhone.

Извор: irishtimes.com