„Априлијада“- 2014 под мотото „Скопје се смее“

На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска традиционално се одржува манифестацијата „Априлијада -2014“ на која ќе учествуваат сите училишта, градинки, деца и граѓани на Скопје.

ФОТО: МИА

Во дневниот дел од забавата со маски, ќе продефилираат многу кловнови, ќе има балони, песнички, игри, забава со фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“, децата од Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.

ФОТО: МИА

Предвидена е и ноќна забава на која ќе настапат Драган Мијалковски, Александар Митевски, 4 Стрингс, Коста Костовски, Сах и СехАлександар Белов, Елена Миленковска. Маскираните посетители ќе продефилираат на сцената, а ќе има и други изненадувања.

ФОТО: МИА

Водители на забавата ќе бидат Марија Петровска и Антонио Димитриевски, а за крај настап ќе има и Диџеј Бабура.

Организатори на манифестацијата која годинава ќе се одржи под мотото „Скопје се смее“ се Детскиот културен центар „Карпош“ и Градот Скопје.