Иако „ховербордот“ (возило кое лебди) може да се најде на пазарот, има една иронична карактеристика за него – не лебди.
Сега, Arca Space корпорацијата со седиште во Ново Мексико разви „летачко“ возило кое може да лебди над секаква површина, вклучително и вода. Може да издржи товар до 110 килограми и да лебди најмалку 30 центиметри над земјата.
Креторите на ArcaBoard го нарекуваат „првото револуционерно возило после велосипедот, автомобилот и авионот“.
Сепак, не секој може да си дозволи ваков „ховерборд“, бидејќи чини 20000 долари.
ArcaBoard има 272 коњски сили и 203000 вати моќност.
Составен е од композитни материјали и тежи околу 81 килограм. За да може да лета, возилото има 36 вентилатори со високо напојување.
„Бордот“ може да се контролира преку систем за стабилизација управуван од смартфон.
Извор: Daily Mail