Жителка на Аргентина се верува дека е второто лице на светот кое природно се опоравило од ХИВ, пренесува „Euronews“.
Се чини дека вирусот исчезнал од нејзиното тело, информира еден од авторите на скорешно истражување, со што жената е вториот човек на светот за кој се верува дека се излечила од ХИВ.
Матијас Личтерфилд од Генералната болница во Масачусетс, М.И.Т, Хардвард и еден од авторите на истражувањето, вели дека имал можност да анализира над 1.2 милијарди клетки од пациентката и да бара траги од ХИВ.
Но, истражувачот не пронашол траги од вирусот во пациентката.
„Имав шанса да ја анализирам и плацентата. Пациентката се породи минатата година и анализирав 500 милиони клетки од плацентата. Исто така, таму не пронајдов траги од ХИВ. Заклучокот е дека тестирав огромни количини на клетки, но ХИВ не пронајдовме.
Личтерфилд нагласил дека вирусот комплетно бил елиминиран од имуниот систем на пациентката, а претходно се верувало дека овие типови на пациенти воопшто не постоеле.
„Сега сме во позиција кога можеме да ги идентификуваме овие пациенти и да учиме од нив, со цел да сфатиме како ваков фантастичен исход е воопшто возможен“, дополнил тој.