Македонскиот алтернативен рок бенд „Архангел“ со концертот „Македонски подобро звучи – Едиција 4“ ќе го затвори првото издание на летната сцена „Славиша Кајевски“ при Македонскиот народен театар (МНТ) на 2 октомври со почеток во 21 часот.
Билетите се достапни онлајн на веб-страницата на МНТ, како и на билетарницата која отвора секој работен ден од 12 часот.
Концертот е поддржан од Министерството за култура на Македонија и МНТ.