Архитектонска фирма има план да претвори 40 блокови од најпрометната авенија во Њујорк во огромен парк. Во случај да се реализира планот на фирмата Perkins Eastman Architects, Бродвеј ќе стане улица достапна само за пешаци, додека предложениот парк би бил еден од најголемите урбани редизајни во историјата на градот.
„Центарот на Менхетн повеќе нема да е место за возила. Ниту еден од бизнисите лоцирани на Бродвеј нема да зависи од лесниот пристап на луѓето со автомобили“, објаснува директорот на фирмата Johnathan Cohn за проектот.
Тој објаснува дека по планираната патека, што ќе поврзува повеќе улици, а ќе биде дел од паркот, ќе можат да се движат само пешаци, со исклучок на амбулантни и полициски возила. Дијагоналата на паркот ќе служи исто така, како кратеница во градот, поврзувајќи ги Times Square, Madison Garden и Herald Square.
Меѓудругото, предложениот урбанистички план предвидува намалување на сообраќајниот метеж, со тоа што ќе се направат многу дополнителни велосипедски патеки и ќе се забрани возење со автомобили на Times Square.
Во продолжение, погледнете како би изгледало тоа.