Архитектката Сара Симоска меѓу победниците на интернационалниот конкурс ДОМ Русија

Младата архитектка Сара Симоска е избранаа меѓу 20. победници на интернационалниот конкурс ДОМ Русија, во конкуренција на 400 архитектонски тимови од целиот свет.

„Конкурсот е во организација на Владата на Русија и Стрелка КБ. Русија планира да се развива во домувањето до 2025 за околу 900 милиони метри квадратни. Тоа значи дека планира да им овозможи на 30 милиони Руси, нов дом. Задачата на размерот подразбира развој на високо квалитетни решенија од една страна, но во исто време решенија кои ќе го минимализираат трошокот“, вели Симоска.

Конкурсот се одвивал во три категории: ниска градба, средна градба и централен модел. Симоска со својот тим учествувала во Централниот модел, кој понуди 150 станови во 15 различни типови сместени во една кула од 18 ката и четири згради од девет ката. Во тимот со Симоска се  и помошник архитектот Александар Алексоски (внатрешно проектирање на една зграда), Мохамед Ибраим – 3д визуелизација, Димитар Петровски и Илина Цветкова – технички цртежи, Ивона Шукуроска работеше на предмер и архитект Саво Симоски како консултант.