Во сабота, на стадионот „Билјанини извори“, ќе настапи познатиот холандски диџеј Армин ван Бјурен. Со него ќе се заокружи годинешното издание на фестивалот „Ohrid calling“ во организација на Авалон продукција.
Организаторите ветуваат музички и визуелен спектакл.
На првата вечер на фестивалот настапија Димитри Вегас и Лајк Мајк. Според организаторите, присуствувале повеќе од 10.000 посетители. Слична посетеност очекуваат и во сабота.
„Настапите на Армин ван Бјурен секогаш се енергични и полни со одлични нумери, но и со изненадувања. Сигурни сме дека и неговиот настап во Охрид ќе биде забележан како еден од низата феноменални настапи на Армин ван Бурен, кој ќе привлече бројни фанови од Европа“, стои во најавата за настанот.