Од КЦ 750 известуваат дека се креваат на зимско арт-бостание, во општествената градина „Бостание“, кај паркот Ново Лисиче.
На 4 декември, сабота, во 12 часот, уметниците Владимир Лукаш, Тома Димовски, Сали Ертунч, Вук Митевски и Иван Ивановски преку уметничка инсталација ќе го претстават чудесното патување на едно откачено македонско семејство.
Дел од арт-бостанието ќе биде и проекцијата на кратки експериментални видеа од Љубиша Камењаров, Валентина Бактијаревиќ, Иван Ивановски, Владимир Лукаш, Вук Митевски и Ѓорѓе Јовановиќ.