Младинскиот културен центар (МКЦ) на 1 и 2 ноември најавува нов настан наречен „Art games“, каде 15 играчи ќе се натпреваруваат во 5 игри до наградата.
Според МКЦ, потребен е талент и желба да се учествуа.
„Миксот на креативноста и талентот ќе го презентираат во октагон каде секој автор ќе има можност да ја искаже својата креативност преку зададената задача. Задачите ќе бидат да се наслика портрет, акварел, да се изваја мал објект, креација од објекти или да заигра моливот, односно за секој автор по нешто!“, соопштува МКЦ.
Во духот на почит и добра забава, велат од таму, бодувањето ќе биде помеѓу самите играчи. Материјалите и се она што е потребно за игрите ќе биде обезбедено од МКЦ.
„Настанот ќе биде во 2 дена, од 10 часот наутро до 18 часот попладне. Вторниот ден освен извлекување на победникот кој ќе добие парична награда, ќе го заокружиме со Арт забава во бифето на МКЦ од 19 часот попладне“, велат од МКЦ.